Автор Тема: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp  (Прочитано 71615 пати)

Присутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8595
  • Малерозен дрводарец
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #645 на: 10 Август 2023, 01:20:30 am »
Имаш добра плата ти...

Уште некој дел и ќе направиш Алфа што не се расипува.
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6795
  • French diamond
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #646 на: 10 Август 2023, 02:11:28 am »
Ламела е расипување? Ќе те прашаме тебе ако догураш до 160К со Шкодата.

Присутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8595
  • Малерозен дрводарец
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #647 на: 10 Август 2023, 02:38:42 am »
Ц ц ц... коментарот е полу-заебанција, скроз во позитивен контекст на тоа што го прави Мартин - слично и размислуваме во тој поглед.

Ама, не бе... ти... ти мора нешто да б'цнеш без везе секој пат, Никола фаќен Ѓорѓески...
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6601
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #648 на: 10 Август 2023, 06:53:16 am »
Сагата завршена, на 08.09.2023 и поминати 163490 километри, сменети:

- сет ламела, потисна плоча и хидрауличен друк лагер, се тоа Valeo
- варијабилен замаец LUK
- масло во менувач Tutela Technyx 75w-85
- комплетен flush на глицерин и од кочници и од резервоарче и од друк лагер
- десна сајла за рачна кочница, кородирала и не отпуштала до крај

Појаснување за замаецот, иако некои членови веќе предвидоа. Колата немаше никакви симптоми на истрошен или амортизиран замаец. Всушност, нема никаква разлика од сега со новиот и претходно со стариот, ваљда тоа се должи на бензинскиот мотор.

По демонтажа на стариот сет ламела и потисна, добив повик од мајсторот дека замаецот е капут, односно има луфта во насоки во кои не треба да има.

Си набавив нов варијабилен замаец, си го доставив кај мајсторот, и на лице место споредивме состојба меѓу стар и нов.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Уште ми е чудно што покрај толку оштетување, немаше никакви симптоми, и ме тера да се запрашам во каква состојба им се замајците на луѓето што всушност забележуваат дека имаат проблем со истиот ;D

За вадење на менувач, на МиТо и Гранде Пунто е потребно да се извади цел трап, па денес откако си ја подигнав колата, отидов на единственото место за центрирање што уште работеше - на Илинденска.

Финално, делови + масло + работна рака + центрирање ме чинеа баш топли, летни 35.590 денари.

Ај наздравје.
И кај мене е сменет целиот сет варијабилен замаец со потисна, ламела и друк лагер од претходниот газда.
Стариот газда ми го даде комплет оригиналниот сет и гледајки видеа од јутуб, поготово ова: https://www.youtube.com/watch?v=SFuwIyFa6l8
оригиналниот замаец треба прилично да запнам за да го поместам лево или десно, не е ни малку блиску како во ова видео, па си го чувам за резерва.

Иначе по кажувањата од газдата кој беше фер и навистина имаше сменето тоа што го кажуваше, го сменил заради тврда педала од кумплугот, никакви други симптоми.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17448
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #649 на: 10 Август 2023, 08:59:40 am »
Алфа е, тоа и е работа. Малку да вози, малку на мајстор, малку да троши гориво. Некој друг споредлив бренд/модел можда ќе ме кошташе околу 500 евра помалку во трошоци за одржување, иако чисто се сомневам знаејќи го деталниот пристап на поседување автомобил што го практикувам.

Шала на страна, можам да го поднесам одржувањето како ставка во буџет, а и стварно ми прави мерак кога работи како што треба.

Ај наздравје.
И кај мене е сменет целиот сет варијабилен замаец со потисна, ламела и друк лагер од претходниот газда.
Стариот газда ми го даде комплет оригиналниот сет и гледајки видеа од јутуб, поготово ова: https://www.youtube.com/watch?v=SFuwIyFa6l8
оригиналниот замаец треба прилично да запнам за да го поместам лево или десно, не е ни малку блиску како во ова видео, па си го чувам за резерва.

Иначе по кажувањата од газдата кој беше фер и навистина имаше сменето тоа што го кажуваше, го сменил заради тврда педала од кумплугот, никакви други симптоми.

Мојот имаше луфта на плочата - ако го легнеш замаецот на земја и ја притискаш варијабилната плоча кон земјата, пропаѓаше по 10мм. Чувај си го твојот за резерва, зошто редовна цена во МК е околу 18-19 илјади :)
« Последно менување: 10 Август 2023, 09:07:03 am MartinAlfista »

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #650 на: 10 Август 2023, 09:32:03 am »
По промената на цел сет и уље, се осеќа помек кумплунг и мењач, или се си е по старо?
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #651 на: 10 Август 2023, 11:19:42 am »
Чим му бил тврд, сега кога ќе стисне на педалата, ногата ќе му отиде низ кабина.

Нека остане само на педалата да му е мека :)

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17448
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #652 на: 10 Август 2023, 11:20:02 am »
Отиде ногата низ патос сега. Мајсторот вика Валео се познати по overassistance, односно појаки хидраулични друк лагери и послаби федери на потисна.

Присутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8595
  • Малерозен дрводарец
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #653 на: 10 Август 2023, 11:24:54 am »
Чичо, 36 бона и не личи многу за тоталот...
Лани само за ламела мислам дадов 21 за фаќен 92 магариња Сузуки...
Многу зборува - ништо не кажува.
Ветер од северен правец.
Раскажува детално за комплетно неважни работи.
На кратко, а богами и на Македонски: Никој.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17448
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #654 на: 10 Август 2023, 11:36:48 am »
Чичо, 36 бона и не личи многу за тоталот...
Лани само за ламела мислам дадов 21 за фаќен 92 магариња Сузуки...

И тебе ти е добра платата... ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43648
  • Il Moderatore
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #655 на: 10 Август 2023, 12:42:20 pm »
Отиде ногата низ патос сега. Мајсторот вика Валео се познати по overassistance, односно појаки хидраулични друк лагери и послаби федери на потисна.
И така првите 5.000км, после камен! :D :D :D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2662
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #656 на: 10 Август 2023, 14:12:04 pm »
Nazdravje servis, se oseka poubavo se osekas :)
Da kosta, kosta, ama valjda ti e ova prva promena na lamela?

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17448
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #657 на: 10 Август 2023, 15:33:28 pm »
Прва промена на било кое возило што сум го подесувал јас и моето семејство.

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1070
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #658 на: 10 Август 2023, 17:29:16 pm »
Оти не си зел и замаец валео ?
Не се сеќавам каде или читав негде дека пожелно било сетот да е иста марка а не различна, шо не значи дека можи има врска.
Иначе созз да си ги возиш и јас од ко сменав комплет сет се преродив со мек куплуг на 147ката  ;D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17448
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #659 на: 10 Август 2023, 17:39:12 pm »
Немаше замаец Валео.

Овој ми го дадоа на доверба да ги пробам потисната и ламелата, и немаше никакви потешкотии потисната да си легне во жлебовите и пиновите на замаецот.

Еве втор ден, уште учам да ја возам колава по втор пат ;D

Иначе сервисот на Илинденска има интересен пристап на центрирање ;D отидов вчера нели да центрираат, завршија работа, и ми рекоа да одам по некој ден ако приметам нешто.

Приметив, не ми беше воланот совршено прав, идам и кажувам, и ми вика "влези си внатре, намести го воланот право и држи го", и си се симна под кола си подеси по тоа ;D

До сега, од вкупно 4 центрирања, овој пат стварно можам да кажам воланот ми е совршено во права линија ;D