Сагата завршена, на 08.08.2023 и поминати 163490 километри, сменети:
- сет ламела, потисна плоча и хидрауличен друк лагер, се тоа Valeo
- варијабилен замаец LUK
- масло во менувач Tutela Technyx 75w-85
- комплетен flush на глицерин и од кочници и од резервоарче и од друк лагер
- десна сајла за рачна кочница, кородирала и не отпуштала до крај
Појаснување за замаецот, иако некои членови веќе предвидоа. Колата немаше никакви симптоми на истрошен или амортизиран замаец. Всушност, нема никаква разлика од сега со новиот и претходно со стариот, ваљда тоа се должи на бензинскиот мотор.
По демонтажа на стариот сет ламела и потисна, добив повик од мајсторот дека замаецот е капут, односно има луфта во насоки во кои не треба да има.
Си набавив нов варијабилен замаец, си го доставив кај мајсторот, и на лице место споредивме состојба меѓу стар и нов.
Уште ми е чудно што покрај толку оштетување, немаше никакви симптоми, и ме тера да се запрашам во каква состојба им се замајците на луѓето што всушност забележуваат дека имаат проблем со истиот
За вадење на менувач, на МиТо и Гранде Пунто е потребно да се извади цел трап, па денес откако си ја подигнав колата, отидов на единственото место за центрирање што уште работеше - на Илинденска.
Финално, делови + масло + работна рака + центрирање ме чинеа баш топли, летни
35.590 денари.