MiTo-вците се доста осетливи на ослабени акумулатори, и изгледа токму тоа беше причината за првиот Check Engine викендов.
Бев во Маврово во кафана неколку саати, температура надвор околу 1-2 степени, и на тргање прва-втора-трета брзина титна колата, и се појавија Check Engine и ASR, ESP и уште некој ерор од системите за стабилност.
Му се пофалив на
@Simo - Carrier159, и потоа изгуглав, и двата извори викаа знаци на ослабен акумулатор, и бонус инфо од Симо дека Alfa си е со self-healing мод, односно ако не ги осеќа проблемите, ќе си ја тргне сијаличката.
Токму тоа и се случи, првото палење после горенаведениот настан исчезнаа ASR/ESP грешките, на второто палење исчезна и Check Engine грешката.
Постов не е ништо битно освен евиденција за себе, ако во случај се појави пак или рикне акумулатор, да знам кога ми биле први предупредувања.