Нијанса ми е пре-шајни, али освежило.
Скроз е мат во живо барем од тоа што гледам, ќе сликам и на дневно светло да се уверам и сам
Мартин и воланот го фарбаше? Дај објасни ја постапката за шмирглање, и јас го имам истиот проблем. Кај мене некој претходно му нанел лак од горе сеа се лупи па сакам да го средам. Колку време му треба да исуши?
Во мојот случај, воланот не го шмирглав бидејќи немаше никакви нерамнини, буквално само бојата избледела. Го исчистив со 96% алкохол колку што можев (тоа беше ризик што сам го преземав, не препорачувам да чепкате кожни волани со концентриран алкохол), и продолжив со бојадисување.
Од сите туторијали што ги гледав,
овој ми остави најокеј впечаток (не бидејќи работи на Алфа), особено бидејќи ја користи истата фарба. Да бидам искрен, спрејчињата имаат очајни дизни, распрскуваат со капки и излага крш, многу неубав финиш. Јас би одел со истата припрема, ама бојата да се напрска на сунѓерче и со тапкање или линеарни движења да се фарба во неколку слоеви - да речеме 4-5.
Од другите туторијали што ги гледав, најгрубата шмиргла што ја користеа беше 600ка, ама за куглата од менувачот јас се симнав до 240ка и не направив некоја особена штета - напротив, се израмни доволно за да можам после со 600ка и 1000ка да ја доведам кожата до спремна, мазна состојба да прими боја.