Во право е Филип, додуше. Ако бараш квалитет или 21ви век.
@филипв, но ако не ги гледаш работите преку аудио гледна точка, туку од украсна многу полесно ќе го одговориш прашањето. Човекот сака да си ги позиционира ретро аудио украсите од минатото во својата дневна/слушачка соба, а повремено и да ги користи. Ете така, значи како украси веќе имаат логика нели? Е сега каков распоред на украсите да си направи човекот е прашањето.
Исто и писаќа машина на масичето во дневна е украс, и ете кога ќе те мрзи некое образецче да го скенираш и пополнуваш ќе го навртиш на неа и ќе искуцаш име и презиме и лична карта на неа.
Не дека е бескорисна, ете еднаш во 3 години ќе ја употребиш. Тој дури и почесто ќе ги употребува украсите, може и еднаш неделно. Поготово што се работи за нешто што има сентиментална вредност за него, (кога се купени, кога си ги слушал, како си ги барал) значи несака да ги изгуби тие спомени (постар човек, повеќе спомени) од едно минато и прекрасно време на кое го потсеќаат.
Јас така го сфаќам. А дека не треба ни да се рипува, туку да се испосимне во драстично поголем квалитет, тоа па е и уште по валидно.
@martin
Ова што го постирам само замисли го во медијапан со темен фурнир. Значи ниска комода со 6 дупки за AV опрема, а од страната во продолжение фиочиња за плочи. Ако сакаш да не ти се прашат. Ако може и да се прашат тогаш како bookshelf ќе ги наредиш на отворено по долж.
Слични вакви работи јас сакам, и тоа и гледам:
Еве исто вака, значи имаш 6 места за ставање (димензиите ќе си ги коригираш според плочите) и ќе се затвораат со стаклени вратички за заштита. Исто и должината ќе ја коригираш по потреба. И во исти стил направено сталаг за AV опрема која ќе стои од страна по желба тесно, а високо:
за да собира уреди по потреба, а горната даска ќе биде на онакви што се дигаат за да може да се отвора нагоре за да се пристапи до грамофонот.
Истото во модерна футуристичка верзија:
Ова е мојата замисла, и кога би имал повеќе уреди вака би изиграл со странично такво сталагче. И сега имам такво само е старо од пред 30 години. Ама се ќе се пресели во комодата под телевизорот како што реков на претходната страница.