Автор Тема: Аудиo опрема  (Прочитано 311887 пати)

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #630 на: 15 Август 2014, 14:30:28 pm »
Дефинитивно може некој викенд да организираме средба, само моментално не сум јас во Скопје, работам и живеам во Битола, но секој втор викенд сум СК па може еден викенд да го земам конверторот.

Ако ве носи патот накај Бт, може и кај мене средба, ова важи и за СалеСК бидејќи го знам од "оној форумон за компјутерџии :) "

Инаку за B&W, не знам дали си имал шанса да ги слушнеш со Electrocompaniet појачала, знам дека кај нас се препорачува ротел, ама ова беше нешто сосема друга класа и звук.Со таа комбинација би можал да живеам ама не за долго :)

Кај мене во зграда немам приметено брум од струјата (генерално и нова зграда е, мада сепак) ама не можам да експериментирам на тоа поле зашто сум во изнајмен стан, од тука и имам најмногу главоболки во врска со акустичните третмани.

За Magico и сличните се тешам и јас ама не успева некако, среќа што се неколку десетици илјади евра па дилемата ми е лесна, се нема пари :)

Околу софтверот, сеуште користам foobar2000 со DSD plugin , ама сакам да експериментирам и со JRiver дали ќе има разлика.Криво ми е што немам можност за FW да пробам зашто слушам од лаптоп, а во план ми е цело време комбинацијата со Mac Mini и Amara.Ама ова ми е за втор план, сега како што напоменав сум зафатен со смислување на најдобро портабилно решение за акустични третмани бидејќи од цела опрема што ја сменив до сега, најголемо подобрување добив откако ја преуредив дневната за рефлекции, позиционирање од ѕид итн.Најважно ми е сега да ги средам првите рефлексии и замки за басовите барем во најкритичните агли од собата, но сето да биде преносливо без перманентно позиционирање.



Треба да ги чуеш B&W со овој Krell што го имам јас. Имено, пред B&W да го купи Classe, звучниците ги тестирале со Krell. Ротел е ок, ама за пониската серија на B&W но не за 700 и 800 серија (освен можеби Rotel RB-1090 што за жал го немам слушано).

Во Хрватска имав прилика да ги слушам B&W 804 со Classe CAM-400 моноблокови, ама што знам.. Некако не ме одушеви... Classe SSP-800 од друга страна е одличен преамп/Surround процесор, и го споредував во тоа време со McIntosh C2300, Classe -то беше почист, полинеарен и поголема динамика и брзина..

За Krell имав мислење дека се преагресевни ама базирано на рекла казала.. Кога ми се укажа прилика да го чујам дома, на прва не ми се свиѓаше.. Испадна дека е многу неутрален, и секоја несовршеност во опремата ја слушаш. Кај мене беше до каблите и Preamp -от (сконтав од после). Го слушав 10 дена, и решив дека нема да го задржам.. Среќа моја, еден од конектори за кабел се скрши (претходниот сопственик го престегал), па се договоривме да нарачаме нов (Krell пратија скроз нови, иако одамна не е под гаранција), а да остане кај мене до тогаш. Krell ов има дупли конектори, па не сметаше да го користам. Дури чекавме да стигнат имав прилика натенане да си играм и да менувам кабли/преамп и слично, и сконтав колку добро појачало...

Претходниот сопственик ми спушти уште од цена ради престегнатиот конектор и го купив без размислување :)

Стигнаа нови Конектори (но никогаш не ги сменив, ги чувак како резерва).

За DAC овите живо ме занима, па ќе направиме споредба :)


Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #631 на: 06 Септември 2014, 20:02:45 pm »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #632 на: 13 Септември 2014, 17:05:33 pm »
Доволно големо за да неможе да го пренесуваш, а доволно мало за да не е за дома.

Значи или за во домашната теретана или за во викендица. Не е лошо за таа работа.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #633 на: 16 Септември 2014, 17:24:36 pm »
Имам едно прашање што веројатно е одговорено многу пати но сепак. Се работи за VW Бора МК4 и нејзиното фабричко радио ( без цд чејнџер е сега за сега ), како може да се направи да се пушта музика од УСБ? Знам имаше некои уреди што го прават тоа но не знам како се викаа. Или според вас е поисплатливо само aux кабел да направам?

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #634 на: 16 Септември 2014, 17:31:18 pm »
1. OT
2. Да кажеш треба кој модел на радио го имаш (логично) за да може да се помогне.

Ти треба плеерче кое се врзува на CD changerot и емулира. Ќе те чини околу 40-50 долари ако нема радиото излез за усб, или 10-15 долари ако има излез.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #635 на: 16 Септември 2014, 17:57:19 pm »


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #636 на: 16 Септември 2014, 18:12:36 pm »
Еве се: http://www.ebay.com/sch/i.html?_from=R40&_sacat=0&_sop=15&_nkw=bora+usb+mp3&rt=nc&LH_BIN=1

Само ќе имаш 6 фолдери кои ќе глумат CDиња со по 99 песни секое. Би требало да работи ако има приклучок за чејнџер како што реков. Но, штом било 1 дин радио може и да се промени целото со афтермаркет, ако сака корисникот. За слична цена.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #637 на: 16 Септември 2014, 18:13:04 pm »
Штета што нема видовити луѓе на форумов. Еве Дени се потруди повеќе од тебе :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Присутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг:
« Одговори #638 на: 16 Септември 2014, 18:17:19 pm »
Kaj mene e bmw business cd i imam priklucok za aux, e sega problem e sto samoto radio nema meni za aux, chare nekoe? Da se reprogramira ili?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #639 на: 16 Септември 2014, 18:19:16 pm »
Има приклучок за чејнџер. Фала Дени.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #640 на: 16 Септември 2014, 18:20:41 pm »
Ако сакаш да видиш како работи, кажи ќе ти покажам кај мене.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #641 на: 16 Септември 2014, 22:27:53 pm »
или... за 300-400 денари, купете го она модулчено што се тура во упаљач, со усб приклучок и на фреквенција од радиото ке слушате музика... лесно како песна...
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #642 на: 16 Септември 2014, 22:29:20 pm »
Ама квалитетот....бош.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #643 на: 27 Септември 2014, 10:53:44 am »

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #644 на: 28 Септември 2014, 18:39:18 pm »