Од прилика тестов преведен на клаберски би му дошло ко двајца PC-ентузијасти кои не се упатени во автомобилизмот да прават тест на возила и тоа: Mercedes S класа, Audi A6, Mazda 6 и претходниот модел на Fiat Linea. Тестирачите се седнувани на задната клупа од автомобилот со заврзани очи при што не знаат во кој автомобил се возат, а се возат на следниве тест релации: Карпош 2-Карпош 3, Чаир-Топанско Поле, Центар - Буњаковец, Јурумлери-Колонија и Ѓорче-Сарај. Тестирачите после секое возење погодуваат со кој автомобил пристригнале на тест-дестинацијата.
Ова е лоша аналогија на најмалку два начини.
Првиот проблем е суштински: во твојов пример, предметот на тестирање се колите.
Но, она што го предлагам јас, не е тест на разликата во звукот, туку тест на твојата способост да ги приметиш тие разлики - оние кои претходно ги опишуваше како „ден и ноќ“, а сега како „забележителни“. Значи, предметот на тестирање не е звукот сам по себе, туку твоите тврдења. Разлика „ден и ноќ“ или „забележителна“ се.... забележува. Точно тоа сакам да го проверам. Дали
ти навистина ги забележуваш. Дали ја има или нема се проверува со разни мерни инструменти. Но дали
ти ја приметуваш се тестира само со слеп тест.
Користејќи го твојот пример, замисли некои ти каже „разликата во возењето на задната клупа меѓу мечка и ауди и ден и ноќ“. Како ќе провериме дали разликата е навистина толкава или овој малце претерува? Не е спорно дека некаква разлика има. Спорно е дали таа е „ден и ноќ“. Читај понатаму.
Вториот проблем со твојата аналогија е специфичен за предметот на тестирање: на задното седиште на колата патникот чувствува мал милион дразби кои можат да ја „оддадат“ конкретната кола: обликот на седиштето, мирисот, звукот на моторот, ово, оно... Нема
еден изолиран параметар кој би го тестирале.
Ништо од тоа нема кога тестираме аудио интерфејс. Кога споредуваме xonar и чкарт саунбластер единствено нешто што евентуално е различно е изворот на звукот. Матерјалот кој го слушаме, собата, звучниците, каблите, се друго е исто. За разлика од тестот на задната клупа на колите.
Да се разбереме, и тотален баук ќе направи разлика меѓу возење на задна клупа во S-Class и Fiat Linea.
Точно. Голема, јасна, „ден и ноќ“ разлика ја забележува секој, секогаш, речиси без исклучок, без утка, и Филип и Гојдо и Зеро и глуптарите од томсхардвер... сите и секогаш. Треба да бидеш особено сакат на некој начин да не приметиш
таква разлика.
Искрено вака не се тестира аудио опрема како што е нагласено во тој тест, а ни така ти ко што бараш.
Ова не е тест на аудио опрема, туку тест на тврдењата на слушателот.