Во 21. век? Просто. Нека ги рипува сите плочи и ленти во дигитален формат. Потоа, нека ги стави под стакло плочите, лентите, ленташот и грамофонот како експонати, како украс, како споменици на едно минато време, заедно со фиксниот телефон со вртење и машината за пишување. И ете: телевизор, стерео пар со сабвуфер и некој медија плеер. Телевизорот и плеерот дигитално врзани, аналогните кабли и конектори да не бидат од најевтините и тоа е тоа. Не му треба ништо друго (освен ако не е фолирант. (најубаво да не доаѓа во никаков контакт со аудиофили, тие шират штетни влијанија наоколу!)
Ако навистина го интересира звукот - ќе вложи во третман на собата. Не мора многу. И мала инвестиција значително ќе го подобри звукот. Ако е поентата „глеј колку плочи имам“ тогаш не мора да ја третира собата.
Што точно значи „одделени од остатокот од опремата“?