Дечки, како можам да откријам која аудио опрема и изведба е најдобра за просторот што го имам на располагање?
Аудио инженер или АИ.
Заиграј се со: Grok, Gemini. Ќе се изненадиш од резултатите.
Ние имаме 5.1 сетап. Каблите се "тенки" и се водат позади лајсните на паркетот.
Ако купуваш нов систем, размисли и за вистинската "употреба". Не сме го уклучиле системот може со месеци. Што работа, што умор, итн.
Како мислиш? Да аплоудам слика па да го прашам?
Размислувам за употребата, и не сум најсигурен дека во дневната ќе можам да направам соодветна изведба.
Веројатно би пробал во собата во подрум, пошо е полесно да се изведе и озвучување и кабли и слично, ем веќе имам припрема и за проектор...
Истиот план го имам и јас, едната соба во подрум, најголемата, ќе ја направам соба за гледање филмови и играчница.
Мислам дека нема да идам на 5.1 или 7.1, веројатно ќе биде 2.1, мада може и ќе се предомислам, за ќеиф се работи
