Одма...Поготово кога се работи за скапа и проверена опрема...
Апсолутно.. Така и го избрав кабелот што го имам.
Епа ајде да се тестираме. Кога и каде сакате?
Еве Дени се нуди да асистира, така дени?
За принтање или за слушање? За принтање не мора асистент
Земеш усб кабел од 0.5 метри и принтај. Повтори го истото со 10 метарски усб и види дали ќе принта
Filip, мислам дека ослонувањето строго на теорија ти прави да губиш многу од ќеифовите што можда би ги имал доколку сакаш добар звук, и не се ослонуваш на предрасуди. И пробај да слушаш музика од личен ќеиф, не ради докажување, веројатно ќе доживееш доста позитивно.
Што се однесува до тестирањето, секогаш сум расположен кога е тоа ентузијастичко а не онака серџиско.. Томе имаше прилика да чуе одредени разлики со различни кабли и различен извор, ако сака нека сподели каква беше разликата.
Сериџиско тестирање, кладење и слично ќе мора со некој друг или у маало..
Ентузијастичко слушање и уживање и споделување искуства од кабел до кабел или опрема и опрема, кога сакаш (само за да се осети дали е звукот добар или лош, треба малку и изоштрено уво. Обично оние што не се навикнати на добар звук, кога слушаат кај мене велат дека им фали бас (а не препознаваат дека басот е многу чист и слоевит, а не матен, или дека звукот е преоштар (а у ствари е пречист)). Исто осетот за добар звук не се добива од читање и теорија, туку со слушање без предрасуди
Дали имаш асистент со доволно искуство со добри аудио системи и добра музика, што би биле соодветен слушач? Некој што слуша со вуфери до даске и тоа музика што и не е битно каков е системот не е меродавен.Исто критериум базиран на звук со Surround receiver не е меродавен. Знам, бидејќи кога ми беше заснован критериумот на слушање преку Surround receiver, и не бев баш најмеродавен да препознаам добар или лош звук, или исто кога се палев на бас.. Ама човек ќе проба натенане, сам па ќе увиди што пропуштал (нормално треба желба за ова, немање предрасуди, време и опрема за тестирање, како и соодветна музика).
Следење на концерти во живо се исто позитивно (ти ова супер знаеш бидејќи пееше во хор и би требало да имаш изоштрен слух и чувство за добра музика).
Јас имам.. Девојка ми. Пее во хор со години, има искуство со настапи во живо и не чита тестови на опрема, и често моето доживување го споредувам со нејзинот мислење и дали слуша разлика и најбитно каква. Ај јас сум склон на маркетинг и имам предрасуди и сум дунстер.
Ама како па и девојка ми ги слуша разликите без воопшто да знае дали е оваа или онаа опрема?
Ама на крај краева битно е да се ужива.. Јас уживам во својот сетуп во моментов базиран на разно разни проби и внимателно селектирање на опрема, и сега ме тера да слушам музика, а не да менувам опрема или кабли.
Ти уживаш во тоа дека нема разлика од кабел до кабел или од формат на звук до формат на звук, и сите сме среќни и задоволни
Како инаку ќе се трошат УСБ каблите од 100 мкд ако сите веруваат дека добар кабел прави разлика?
п.с. Филип, деновиве моето Аудио ПЦ го заменив со MacMini. Знаеш зашто? Зашто кога пуштав од MacMini и Amarra осетно подобро звучеше него од ПЦ. За ова можеш да се консултираш и со Оги (Milkman), бидејќи слепиот тест го правевме со него