А да.. Ако пушташ од компјутер, огромна разлика ми направи USB Кабел от. Тука не верувам во прикаските дека сребрен USB кабел подобро звучи од обичен, ама од моето искустов се покажа дека должината влијае многу.
Јас користам ClickTronic (10 - 15 еур), од 0.5М
Овој кабел звучеше далеку подобро од колку сребрен Kimber USB od 1.8m (кој што чинеше 100-150 еур).
Clicktronic ов го имаш во Loging Electronics, и ти го препорачувам. Ќе се изненадиш од разликата (исклучиво пола метарскиот, бидејќи должината е тоа што ја прави разликата).
И уште една работа што ја заборавив во врска со PC то. Ми се подобри звукот кога ги исклучив сите USB porti на ниво на BIOS што не се користат, односно оставив само за DAC от еден port, и два porti за тастатура/моусе.
DAC от на еден USB kontroler, моусе/кејб на друг (за да не си пречат воопшто).
Него, што ти е референтна музика за тестирање?
Извини за спориов одговор, некако сум го промашил наставакот на муабетов.
Дап, гледај DAC-от да ти биде на различен USB hub од другите периферии. Ова го знам и од други (не-аудио) периферии кои бараат поширок bandwidth. Иако кај аудиото проблемот не е бандвитот туку синхорнизацијата со периферијата. Во принцип УСБ е многу лошо техничко решение за музика, но (од аспект на цената) е нужно зло.
Должината на кабелот дефинитивно да биде што пократка, а можеби најдобро е кабелот да се направи во свое производство, со убави изолации. Во недостаток на знаење (и желба за замарање), УСБ3 стандард на кабел би бил подобар од УСБ2 (подобра изолација и поквалитетни жици). Проблемот е што се и сешто декларираат како УСБ3, а и извиканите брендови навистина не вредат за толку пари (често и се едноставно лоши). Најдобро е направи сам варијанта кабел.
Конкретно твојов DAC (и другите со истиот чип), од работите во што ги гледам на нет, можеби имаат проблем со виндовсите, посебно со 64-битната 7-мица. Одредени проблеми пишувачот на долнава колумна ги решил со понов драјвер за дакот.
http://www.raylau.com/MusicalFidelity-M1A-DAC-USB-Audio-Pops.htmlИнаку Krell, јас пријателе не сум аудиофил.
Не можам да бидам аудиофил без опрема.
Никогаш сум немал своја добра опрема. Имам по пријатели слушано разна опрема, и ги знам отприлика финесите. Но се додека не си го завршам мојов сетап и додека не почнам да го употребувам некое време, не можам од искуство да правам муабет на темава.
Во меѓувреме си читам на нет и по форуми и се интересирам. Пари немам доволно за можам да експериментирам со опрема како сакам. Компромис направив најпрво со тоа што сам си ја правам опремата по направи сам принцип. Потоа кога ќе завршам, генерално не мислам премногу да се замарам со менување на работите, „болест„ од која ми се „разболеа„ некои од пријателиве.
Од аспект на референтна музика, генерално ми е важно да звучи добро тоа што го слушам (а слушам баш разни работи).
Сепак некако најважно ми е да звучат вокалите добро. Затоа и одбрав да правам звучници со фул-рејнџ драјвери и да не паѓам во замките со (не)квалитетни скретници и одделни драјвери за високи, средни и ниски, тонови.
Иако за воља на вистината, го сквернавам и фул-рејнџ принципот со тоа што ќе правам и сабвуфер, а ќе експериментирам и со додавање на високотонци. Но за високотнците лесно и квалитетно се решаваат скретниците а за сабвуферот скретницата ќе биде на ниво на изворот (софтверски).
Тоа со високите тонови може да ими спадне за џабе труд, пошто како старееме се послабо ги слушаме високите тонови. Во секој случај, на систематските прегледи не проаѓам лошо па ќе видиме (чуеме)...
Значи референтна музика. Лорина МекКенит дефинитивно, понешто од Ења, Дајана Крал и одбрани блуз ствари (иако не сум страствен фан на жанрот), од нашите Баклава и одбрани работи од Мизар и Архангел. Ех, да и класична музика ме интересира како звучи на опремата (иако за тоа генерално треба друга опрема).
Исто добар тест е и Темната Страна на Месечината од Пинк Флојд, малку тешко за слушање, ама добар тест е зошто захтевна е музиката и бара цел спектар на звукот да се репродуцира добро, за да албумот звучи добро.
Во главно набројаниве работи ако звучат добро, јас сум задоволен. Би требало и се друго што слушам, да звучи задоволително.
За басови, Рејџ Агаинст д’ Машин дефинитивно!