Автор Тема: Аудиo опрема  (Прочитано 312174 пати)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #315 на: 28 Март 2014, 19:23:13 pm »
Нови звучници.

Отсутен Бузуки

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6297
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #316 на: 28 Март 2014, 19:25:33 pm »
Абе овие си се ептен добри.. Многу убав звук даваат.. се додека не почни да пука левиот преден..

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #317 на: 11 Април 2014, 01:20:38 am »

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #318 на: 19 Април 2014, 20:27:09 pm »
http://en.wikipedia.org/wiki/One_Million_Dollar_Paranormal_Challenge

http://en.wikipedia.org/wiki/Audiophile#Controversies
Цитат
There is substantial controversy on the subject of audiophile components; many have asserted that the occasionally high cost produces no measurable improvement in audio reproduction. Skeptic James Randi, through his foundation One Million Dollar Paranormal Challenge offered a prize of $1 million to anyone who can demonstrate that $7,250 audio cables "are any better than ordinary audio cables" [18]. Audio reviewer Michael Fremer accepted the challenge but the experiment never ended up taking place[19].

:)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #319 на: 19 Април 2014, 23:54:22 pm »
Ме заинтересира вистинитоста :) За 1.000.000$ challenge-от имам слушнато, ама за аудиофилскиве работи не. Сепак, брзо пребарување по http://www.randi.org откри дека не се работи за она што е спомнато на википедија туку ова:

Цитат
It's true that in some cases we might save someone pain and suffering, such as when people realize that the "psychic" who's been taking their $100 a week really can't talk to the dead, or when someone takes our advice and doesn't buy the $30,000 audio cables.

http://www.randi.org/site/index.php/swift-blog/1017-saving-lives-with-skepticism.html

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #320 на: 20 Април 2014, 08:52:44 am »
http://en.wikipedia.org/wiki/One_Million_Dollar_Paranormal_Challenge

http://en.wikipedia.org/wiki/Audiophile#Controversies
Цитат
There is substantial controversy on the subject of audiophile components; many have asserted that the occasionally high cost produces no measurable improvement in audio reproduction. Skeptic James Randi, through his foundation One Million Dollar Paranormal Challenge offered a prize of $1 million to anyone who can demonstrate that $7,250 audio cables "are any better than ordinary audio cables" [18]. Audio reviewer Michael Fremer accepted the challenge but the experiment never ended up taking place[19].

:)

Кабли од 7250 USD не сум слушал никогаш критички за да може да коментирам.

Ама мое искуство е дека до одредена сума на пари има разлика во звукот, и како расне цената на опремата после некоја точка, веќе разликите се све помали и помали.

На пример слушав систем од 50000 еур  и систем од 150000 еур (Стерео). Има разлика, ама не драстична.

Од друга страна не мора да значи дека ако е поскап системо ќе звучи подобро.

Во Скопје има еден систем од 60000-70000 еур (стерео), кој што е поставен во многу мала соба и звучи прилично лошо (загушено, boomie), поевтиниот систем таму звучи подобро.

Или McIntosh C2300 полошо звучи од Benchmark Dac1 Pre во одредени системи (првиот е само Преамп а вториот Преамп/Дац. Првиот е барем 4 пати поскап од вториот, и во некои системи и како преамп против преамп звучи полошо. Ама исто постои систем каде што звучи и подобро).

Или усб кабел од 10 еур ClickTronic звучи подобро од Сребрен Kimber од 200 еур (овде целиот штос е во должината на кабелот. Битно е да е што пократок).

Ама исто кабел Kimber KS1126 осетно подобро звучи во идентичен систем од KS1111 (огромна разлика, не нијанси).

Инаку на лош систем, разликите помеѓу кабел и кабел нема да се осеќаат толку. Како е подобар системот така разликите се повеќе се осеќаат.

Исто мислам дека над одредена сум на пари веќе е само престиж и нема поента. Меѓутоа до одредена сума на пари има разлики.. Исто џабе екстремно скапи компоненти, ако некоја од останатите компоненти е чкарт (ќе се слуша целиот чкарт на само таа една компонента).

Најдобро е кога се има услови опремата да се земе на слушање во просторијата каде што би се користела, и да се избере без предрасуди и базирано на личен вкус (јас сакам отворен, неутрален и чист звук. За многу други тоа е агресивно и без топлина. За мене па, претопол звук ми ги губи деталите, енергијата, и ми е ок да го слушам онака цел ден да не замара, ама ми го нема моментот на посебност)



Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #321 на: 20 Април 2014, 09:02:41 am »
Ova so USB kabelov zvuci deka e vo tocnata kategorija. :D

Отсутен krell

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1809
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #322 на: 20 Април 2014, 09:08:40 am »
Ova so USB kabelov zvuci deka e vo tocnata kategorija. :D

Бујрум некој ден, увери се и сам колкава разлика прави УСБ кабел.

Ама ради склоноста на jitter на лошиот УСБ стандард има разлика од кабел до кабел. Само што повеќе разлика има должината на кабелот него структурата (зборам за колку толку добри кабли. Кабел од 100 мкд, звучи тиња.)

Од мое искуство 0.5М ClickTronic од 10 еур, звучи подобро од 1.8 м Кимбер. Ама 1.8 Кимбер звучи осетно подобро од чкарт УСБ од 100 мкд

Јас го користам овој Clicktronic од 0.5м:

http://www.clicktronic.com/nc/en/products/usb/productview/usb_20_kabel_casual/

Ама исто Coax Clictronic (дигитален ):

http://www.clicktronic.com/en/products/rca/productview/audiokabel_advanced/


Осетно полошо звучи од Kimber Coax кабел заснован на Kimber Hero

http://www.kimber.com/products/interconnects/analog/hero/cu/

Ги користам и двата така да не зборам на памет.



За звучници користам Kimber TC12

http://www.kimber.com/products/loudspeakercables/tc/12/


Претходно користев Van Den Hul Revelation

http://www.vandenhul.com/products/cables/the-revelation-hybrid-halogen-free



И двата се во слична класа ама кои се разликите:

Кимбер има подобра тродимензионалност, по широка сцена, по отворен звук

VDH има многу цврст бас, многу стегнат звук, ама му фали просторност и тродимензионалност.


И двата кабли осетно подобро па звучат од Audio Quest Type 8

http://www.audioquest.com/pdfs/circular_array/type8.pdf



И мене долго време ми требаше да сконтам дека и каблите се рамноправна компонента како појачало, звучници и слично (долго време користев евтини кабли со предрасуда дека кабел е кабел и нема разлика.. Се дури не пробав разни комбинации и одеднаш ми просвире системот (мислев ради лоша акустика во собата, дека не свири ради тоа)). И да, акустиката во собата исто екстремно многу влијае на звукот, ама кога не можам да менувам во тој поглед, сите тестови ги правев во однос на постоечката акустика и постоечката соба.







« Последно менување: 20 Април 2014, 09:22:58 am krell »

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #323 на: 23 Април 2014, 20:47:13 pm »
Бујрум некој ден, увери се и сам колкава разлика прави УСБ кабел.

На double blind тест, претпоставувам, без проблем ќе ја приметиш таа разлика, м даре?

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #324 на: 23 Април 2014, 21:02:36 pm »
Верувам дека ке се примети.
Поготово со чкартен кабел од 100 денари.

За нешто посаглам, хмз, да, доколку системот се користи секојдневно во апсолутен мир, тишина и спокој...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #325 на: 23 Април 2014, 21:11:36 pm »
Пази, го прашувам за USB кабел.

Даре? Дали на слеп тест ќе знаеш да познаеш кој е ефтин а кој скап USB кабел? Молим те одговори ми без претходно да ми го модифицираш прашањето, а со „да“, „не“ или „не знам“.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6128
  • 69
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #326 на: 23 Април 2014, 21:14:47 pm »
И јас ти зборам прво за УСБ а потоа и за обични кабли...
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен filipv

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • и сега?
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #327 на: 23 Април 2014, 21:16:44 pm »
И јас ти зборам прво за УСБ а потоа и за обични кабли...

Ја само за USB прашувам.

Ти ќе познаеш со уво кој е скап а кој евтин USB кабел?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43712
  • Il Moderatore
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #328 на: 23 Април 2014, 21:28:05 pm »
Среќа што не барате double deaf test туку double blind test. ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен doktor

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 371
Одг: Аудиo опрема
« Одговори #329 на: 23 Април 2014, 21:28:48 pm »
Нешто околу дилемава?
Monitor Audio mr6 so Monitor Audio mrw10

ili JBL ES80 so JBL ES250
Ист ценовен ранг, околу 900евра!