Кога бев да си ја земам колата, приметив дека тешко влегува во брзини, и екстремно доле фаќа кумплунгот, нешто не се чинеше во ред.
Јак ти е мајсторот, си рече, нема гајле нема да запримети.
Ова беше прв зафат на колата што не го правам кај матичниот мајстор туку кај друг, и ова се дешава. Coincidence, I think not.
Нема врска, на крај денот океј си ја заврши работата.
Не ми ја разбирате поентата. Океј, во период од една година се случиле трошоците, ама работите кои дошле ред да се сменат не се потрошиле само во таа година. Кочници и замаец и пумпа за куплунг се работи кои се абат со години.
Убаво срочено класен, а ова со замаецов се случи само што почнав на глас да зборам за друга кола, изгледа ме слушна па се пожали.
Почнете да ги запишувате трошоците, ќе видите на крај колку одат пари на редовно одржување, што и на се останато од дефекти. Да не ја споделам јас мојата листа, иако имав само еден непланиран дефект, останато се го знаев уште од моментот на купување на колата.
50 по 50 евра, на крај зијан до коленици, ама тоа е, ако сакаш колата да ти биде постојано ок исправна кога и да ти текне да ја возиш, да не ја мислиш.
А не оние што ќе ти велат абе јас на мојава кола ништо немам сменето, машина. Ајде ела да ја однесеме на мајстор па да видиме што се треба да се замени.
Тоа што возиш без ништо да си сменил не значи дека се ти е исправно на колата и дека нема потреба од замена или сервис на некој дел.
Добар и реален муабет, ако ги соберам сите трошоци, сигурно имам уште 1 Астра потрошено на Астрава, мислам само првата година кога уште ме држеа пеперутките имав околу 120.000 денари потрошено. Сега веќе 3та година and counting, повеќе ради што мора не пошто веќе толку се сака, ама па и не е дека не се сака. Да било ради реда, нема да гледаме да ги земеме најдобрите делови од Прчот, ќе сврземе нешто за поевтино да се пројде, али љубовта за колите ни е тука, малтене затоа и си куцкаме тука на форумов сега.
Следна кола 5-7 години стара, возење до 10 години старост, и 'јово на ново'. Или ако се оженам богато па "прв прдеж во седиште" нова да се земе.
И мене натака ме тера умот, првичен план ми беше да си остварам детски сон и да паркирам една e60 535d, али полека оладувам за идејата. Поготово кога ќе отвориш и ќе ги видиш понудите на пазарот. Ми пројде желбата да бидам 10ти сопственик на кола која пола планета има свртено во километри, и да се акам по мајстори уште од старт него ли да си уживаш во нова кола како што треба. Затоа почнува да ми се врти во глава некој Passat 2.0 tdi/dsg, или па некоја А5 со слична моторизација, околу 2017то годиште па нагоре.