Јас запишував за Стило-то така така на почеток, и бев среќен.
Не знам што ми текна, и едно 3 години запишував се до денар, и кога видов колку уствари давам за одржување, сватив дека подобро е да купам понова кола отколку прописно да одржувам стара кола. Зборам одржување прописно, без ништо да тропка, квичи, навалува и остало.
Сватив дека ако гледам на поголем интервал како 10 години сопственост на кола (сега и тоа го намалувам на 7 години) и споредам цена на купување нова кола или понова кола до 3-4 години стара и давање помалце пари за одржување во споредба до постара кола и секоја година да поправам нешто, мислам дека нема да е многу голема разликата.
Според мене 20-25% поскапо би било за нова кола, но главоболка, замарање со мајстори, трчање по делови, или едноставно губење на време околу колата и замарање со колата е сведено на минимум. Ако тоа слободно време го употребам на нешто продуктивно, како повеке сработено или платен overtime, таа разлика е уште помала.