После прилично лош месец каде што фамилијарно го прележувавме вирусов, конечно дојде време да го претставам моето ново ауто.
Се работи за Opel Astra H GTC 1.9 150hp 2006то годиште со Cosmo Sport ниво на опрема. Моментално со 207.000км на бордот. Од поинтересните ствари што не се клима/кожен волан/перничиња и слично поседува:
Полу кожни седишта
Панорама кров
Темпомат
Алуминиумски педали
DVD90 радио со навигации и други тракатанци
17-ки алуминиумски бандажи со 225/45/17 гуми
Слика од денот кога е купена:

Фаровите беа во ужасна состојба, заедно со гребаница од клуч и некои други ситни козметички забелешки од возачката страна. Па фала богу следуваше едно полирање и светнување.





Сега за сега, давачките ми биле следни:
Реглер, диодна плоча и четкици - 3.500 со се работна рака
2те предни чаури променети во Авто Мобил во Бутел - 3.900 со се работна рака
Репарација на фаровите и полирање на двете крила - 3.500
Пред некој ден купени и монтирани 4x Sava Intensa UHP2 225/45/17 по цена 3.200 од гума = 12.800

На ред е еден сервис да и се направи каде што ќе се сменат сите филтри, уље на мотор, и уље на менувач. Надежно денеска или утре и ова ќе биде средено.
Планови за понатака ми се да досредам козметички забелешки на задниот браник, задни сензори затоа што прегледноста е ужасна, и здравје боже еден ремап во StepOn кога ќе ми здосадат моменталните коњчиња. Последното е под знак прашалник затоа што сите знаеме по што е прочуен фамозниот М32 мењач.
Bonus creepshot: