18” Penta е дефинитивно најличниот бандаж за оваа генерација Опели. После еден куп пробани бандажи кај мене останвам на то дека Penta е бандажот кој најубаво стои.
Вожњата на 18” е релативна работа. Во зависност од изборот на гуми може да биди и поудобна од 17”.
Со стандарт суспензија 18ките беа поудобни од 16ките со кои дојде колата. На другар кабрио на 19” бандажи е поудобно од на 17ки итн…
Бандажот што го имаш според мене е втор избор после Penta-та.
Мој совет е, веќе почна со OPC Line пакетот, прво заврши го со прагови и преден лип, па на крај 18” Penta бандажи да се комплетира тој OPC Look, а сегашните бандажи за зимски сетап.