Автор Тема: Opel Astra H GTC 1.9 150  (Прочитано 27770 пати)

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #45 на: 25 Јуни 2021, 13:25:35 pm »
Јас имам и на кров и на странични носачи ... ке биде зезнато, ама мислам дека ќе вреди.

За гума центар пред некоја година излезе муабет дека во фреонот не ставал некое уље за подмачкување и се расипувале компресорите. Може е глуп муабет, ама чисто да знаеш, нова ти е колата.
Јас 2-3 пати ставав за Нубирата од таму, ок си беше за стара кола, мада мене ми пушташе од гумичка кај компресорот и држеше една сезона само.

Најубаво би ти било тогаш да ги сликнеш дупките и да му ги пратиш на дечкото да ти каже дали се оправаат, за на кровот сум 90% сигурен дека ќе ги средите.

А за ова со фреонов се надевам дека нема да ми се врати да ме гризне по гзот, ова ми е прв пат што избирам поевтина варијанта за нешто поврзано со колава. Да ги знаев муабетиве претходно ќе го скокнев тоа место.. јебига.

Што се златни кајли?  ;D

Јас уште 3 недели со бугарска клима:


Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #46 на: 25 Јуни 2021, 16:40:00 pm »
Радувањево со климава беше short lived, на враќање накај дома после некои 2 минути работење, осеќам кратки засилени моторни кочења при возење, а кога стојам во место обртаите паѓаат до кај 800-900 и се слуша како да гребе нешто напред. Ми се плаче   :'(

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #47 на: 25 Јуни 2021, 17:02:39 pm »
А на колку вртежи работи па паѓале на 800/900?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #48 на: 25 Јуни 2021, 17:21:23 pm »
На 800-900 е нормално да работи.Ако нешто гребе можно е каишница,лагер на компресор и сл.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #49 на: 25 Јуни 2021, 17:56:24 pm »
А на колку вртежи работи па паѓале на 800/900?

Могуќе од ракав да ги извадив бројките, еве што се дешава:


Уствари секој пат кога паѓа стрелката, се слуша тоа бучењето што го зборам, ваљда компресорот се активира/деактивира кога ќе му текне.

На 800-900 е нормално да работи.Ако нешто гребе можно е каишница,лагер на компресор и сл.

Највероватно и нешто од тоа е, ќе треба на мајстор да се испита убаво. Препорака за мајстор што убаво ги работи климиве?

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #50 на: 25 Јуни 2021, 18:10:39 pm »
Тоа што варира ме чуди(немора да значи дека е нешто којзнае што),ама не треба да варира гаста.
За Битола знам мајстор да ти предложам,за Ск незнам.
Дали варира нон стоп гаста или само еднаш два пати на кратко?
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #51 на: 25 Јуни 2021, 18:21:25 pm »
Тоа што варира ме чуди(немора да значи дека е нешто којзнае што),ама не треба да варира гаста.
За Битола знам мајстор да ти предложам,за Ск незнам.
Дали варира нон стоп гаста или само еднаш два пати на кратко?
Овдека баш во екот го фатив, инаку варира еднаш два пати (дур се дешава ова не дува веќе ладно), па 2-3 минути е океј и потоа пак се случува истово. Звукот што звучи на гребење не верувам дека би можел да го доловам на камера.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #52 на: 25 Јуни 2021, 18:32:06 pm »
Најверојатно нешто околу компресорот.
Еднаш дува,еднаш не дува,па цвичи,па варира гаста...Ваљда лагер на компресор.
Провери убаво од кај иди звукот,отвори хаубата и слушај,гледај,пошо ако закочи скрос,можи да ти направи поголем проблем.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #53 на: 25 Јуни 2021, 18:44:02 pm »
Најверојатно нешто околу компресорот.
Еднаш дува,еднаш не дува,па цвичи,па варира гаста...Ваљда лагер на компресор.
Провери убаво од кај иди звукот,отвори хаубата и слушај,гледај,пошо ако закочи скрос,можи да ти направи поголем проблем.
Не ја ни пуштам дур не испита ова мајстор, баш од таа причина да не се заебе уште нешто. Се надевам дека само со лагер ќе поминам. Фала ти на помошта :-*

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #54 на: 25 Јуни 2021, 19:03:22 pm »
Не си ги извадил од ракав бројките, лошо си опишал :)

Не паѓаат на 800-900, туку вртежите паѓаат од 900 на 800.

Како и да е, ќе треба саглам проверка...

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #55 на: 26 Јуни 2021, 10:20:46 am »
Мислев дека најпрвиот звук на видеото е од колата, тоа веспа да ти било  ;D

Инаку за Скопје можам да ти препорачам да отидеш во Лисиче во Autoklima Webasto. Многу солидно работат, ама сигурно се хаос сега бидејќи главно се фокусирани на клима уреди за автобуси, камиони и комбиња.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #56 на: 29 Јуни 2021, 13:52:04 pm »
Климава си се опраи сама од себе, викендов воопшто не ја пуштив, вчера палам чисто за да чујам од кај иде звукот, гледам ниту зуе, ниту варира, внатре си дува камен ладно. Еве веќе втор ден како што си работи без никаков проблем.

Не знам сега дали да испитувам претходно што бил проблемот, или да не гибам освен ако не се побуни пак.. дилеми дилеми.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 611
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #57 на: 27 Јули 2021, 14:15:30 pm »
Минатата недела пред да се оди накај Охрид, количето си доби освежување на бојата на кровот, десниот заден полумесец (кој би рекол нели), корегирани се некои гребаници на десната страна од предниот браник, исто и целосно беше исполирана. Еве некои фотки:









Се разбира, сето ова не дојде без цена, на враќање во Неделата, веднаш после последната патарина пред Скопје, колата почна да трокира и губи снага, се упали во limp mode и едвај некако сум се довлечкал до дома. Како и увек бев спремен на најлошото, но на крај излезе дека кај конекцијата за третата дизна се подоткачил кабелот, само го стегнав, го врзав со стега, и барем за сега проблемот е решен. Пројдов само со 500 денари за дијагностика.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #58 на: 27 Јули 2021, 15:35:30 pm »
Те мачи количево мене ми изглеа :) Многу сакало триење.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #59 на: 27 Јули 2021, 15:58:39 pm »
Кај Блајо фарбаше?