Автор Тема: Opel Astra H GTC 1.9 150  (Прочитано 26119 пати)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6566
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #180 на: 30 Август 2024, 10:17:33 am »
Почнете да ги запишувате трошоците, ќе видите на крај колку одат пари на редовно одржување, што и на се останато од дефекти. Да не ја споделам јас мојата листа, иако имав само еден непланиран дефект, останато се го знаев уште од моментот на купување на колата.

50 по 50 евра, на крај зијан до коленици, ама тоа е, ако сакаш колата да ти биде постојано ок исправна кога и да ти текне да ја возиш, да не ја мислиш.

А не оние што ќе ти велат абе јас на мојава кола ништо немам сменето, машина. Ајде ела да ја однесеме на мајстор па да видиме што се треба да се замени.
Тоа што возиш без ништо да си сменил не значи дека се ти е исправно на колата и дека нема потреба од замена или сервис на некој дел.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17389
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #181 на: 30 Август 2024, 10:32:57 am »
Не е арно за ментално здравје да се запишуваат трошоците ;D

Имам Google Sheets табела, мал шок ме удира секогаш кога ќе го видам тоталот...

Следна кола 5-7 години стара, возење до 10 години старост, и 'јово на ново'. Или ако се оженам богато па "прв прдеж во седиште" нова да се земе.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5387
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #182 на: 30 Август 2024, 10:36:47 am »
Јас одамна не отворам, а секое одење на бензинска пумпа и на механичар е запишано. Само по одржување се над 5к€ дадени и не сакам да гледам моментално колку е.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #183 на: 30 Август 2024, 11:03:26 am »
Кога бев да си ја земам колата, приметив дека тешко влегува во брзини, и екстремно доле фаќа кумплунгот, нешто не се чинеше во ред.
Јак ти е мајсторот, си рече, нема гајле нема да запримети.
Ова беше прв зафат на колата што не го правам кај матичниот мајстор туку кај друг, и ова се дешава. Coincidence, I think not. :) Нема врска, на крај денот океј си ја заврши работата.

Не ми ја разбирате поентата. Океј, во период од една година се случиле трошоците, ама работите кои дошле ред да се сменат не се потрошиле само во таа година. Кочници и замаец и пумпа за куплунг се работи кои се абат со години.
Убаво срочено класен, а ова со замаецов се случи само што почнав на глас да зборам за друга кола, изгледа ме слушна па се пожали. ;D

Почнете да ги запишувате трошоците, ќе видите на крај колку одат пари на редовно одржување, што и на се останато од дефекти. Да не ја споделам јас мојата листа, иако имав само еден непланиран дефект, останато се го знаев уште од моментот на купување на колата.

50 по 50 евра, на крај зијан до коленици, ама тоа е, ако сакаш колата да ти биде постојано ок исправна кога и да ти текне да ја возиш, да не ја мислиш.

А не оние што ќе ти велат абе јас на мојава кола ништо немам сменето, машина. Ајде ела да ја однесеме на мајстор па да видиме што се треба да се замени.
Тоа што возиш без ништо да си сменил не значи дека се ти е исправно на колата и дека нема потреба од замена или сервис на некој дел.
Добар и реален муабет, ако ги соберам сите трошоци, сигурно имам уште 1 Астра потрошено на Астрава, мислам само првата година кога уште ме држеа пеперутките имав околу 120.000 денари потрошено. Сега веќе 3та година and counting, повеќе ради што мора не пошто веќе толку се сака, ама па и не е дека не се сака. Да било ради реда, нема да гледаме да ги земеме најдобрите делови од Прчот, ќе сврземе нешто за поевтино да се пројде, али љубовта за колите ни е тука, малтене затоа и си куцкаме тука на форумов сега.

Следна кола 5-7 години стара, возење до 10 години старост, и 'јово на ново'. Или ако се оженам богато па "прв прдеж во седиште" нова да се земе.
И мене натака ме тера умот, првичен план ми беше да си остварам детски сон и да паркирам една e60 535d, али полека оладувам за идејата. Поготово кога ќе отвориш и ќе ги видиш понудите на пазарот. Ми пројде желбата да бидам 10ти сопственик на кола која пола планета има свртено во километри, и да се акам по мајстори уште од старт него ли да си уживаш во нова кола како што треба. Затоа почнува да ми се врти во глава некој Passat 2.0 tdi/dsg, или па некоја А5 со слична моторизација, околу 2017то годиште па нагоре.

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 187
    • MVP Ring
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #184 на: 30 Август 2024, 17:30:24 pm »
Еве кај мене трошок за скоро 2 години (15.000 километри) со две вклучени регистрации. За да ја доведам колата во состојба во која и треба да биде, треба да фрлам уште толку пари.

Sent from my A001LG using Tapatalk


Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5387
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #185 на: 30 Август 2024, 17:35:41 pm »
Плаќаме затоа што некој не знаел да ја одржува пред нас. Да ја одржувал навремено немало до тука да дојди...
Сега плаќам 20+ години неодржување.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 770
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #186 на: 30 Август 2024, 17:41:00 pm »
Плаќаме затоа што некој не знаел да ја одржува пред нас. Да ја одржувал навремено немало до тука да дојди...
Сега плаќам 20+ години неодржување.

И максимално одржувана да била, на 20 годишна кола сѐ може да се случи и мора да си спремен за тоа. Ене гледам по Брерата, претходниот газда максимално ја одржуваше, јас исто, брат ми сега исто. И пак се заеба механизмот за возачкиот прозор, 300 евра нов пошто само за таа кола е, не дели со ниедна. Се заеба и механизмот за возачкиот ретровизор исто, 200 евра нов. Јебига, стара кола е. Времето си го прави своето.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #187 на: 30 Август 2024, 17:43:47 pm »
Плаќаме затоа што некој не знаел да ја одржува пред нас. Да ја одржувал навремено немало до тука да дојди...
Сега плаќам 20+ години неодржување.
Е така е и не е така, и ние сме си за е*ење, бркаме перфекција на коли во старо тинејџерство, ретко среќен крај има тоа. :) Сега гледам механички да си е топ и да не му ја мислам кај и да ми прдне да извозам, а за козметичкиот дел, прекина да боли после 3тото дупче со врати што ме мавале комшии - џабе стрес.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6104
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #188 на: 30 Август 2024, 19:42:30 pm »
Плаќаме затоа што некој не знаел да ја одржува пред нас. Да ја одржувал навремено немало до тука да дојди...
Сега плаќам 20+ години неодржување.

Ама имаме и кола со 70.000 километри што е скапа за 4.000 евра, така?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #189 на: 30 Август 2024, 19:45:27 pm »
Дали да дадеш 1000-1500 па и 2000 евра да ја средиш колата во добра возна состојба или да ја шитнеш и да дадеш уште 3-4.000 за кола во која пак ќе треба нешто да вложуваш? Тешки се тие одлуки, реално. Јас сум на таков крстопат со доста поголеми суми у игра додуша,  и за одржување и за промена на возило, и искрено мислам дека во моментов е подобро да вложам во одржување на стариве отколку да бркам нешто доста поново. А краток ми е животот нова Dacia Sandero да возам, само затоа што „ново си е ново“. 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5387
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #190 на: 30 Август 2024, 19:48:16 pm »
Плаќаме затоа што некој не знаел да ја одржува пред нас. Да ја одржувал навремено немало до тука да дојди...
Сега плаќам 20+ години неодржување.

Ама имаме и кола со 70.000 километри што е скапа за 4.000 евра, така?
За кола која моделот започнал уште во 1998ма?
Без опрема иако е 10 години понова?
Кола без изолација? Баш ти ги памтам првите постови во тњмата твоја, читана ми е цела, каде што се мачиш со пластики кои крцкаат, со тресење при тргнување и слично, а колата си ја знаеш и сам како ја одржуваш...

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6104
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #191 на: 30 Август 2024, 20:29:31 pm »
Секогаш можеш да купиш кола од 2012-13 за повеќе пари и пак да бришеш туѓи гомна.

Само нема да бидат 20 годишни, него 10-тина.

Совршена кола не постои. Сѐ е решливо или се учиш да живееш со тоа.

А дека колата со 70.000 нема да има вложувања, ако се лажеме.

Но, дека ќе има многу помалку влог од таа со 200.000-250.000, исто така е факт.

Моделот е потполно небитна работа. Од сите можни модели на продажба има утепани видливо, утепани шминкани и реално одржувани.

Цената си расте согласно состојбата, но, ние ретко сме спремни да ја платиме.

Сите сакаме што помалку да вложуваме дур е во наша сопственост, кога ќе дојде ред да се продаде - да земеме top dollar, кога купуваме да биде евтино, што поново и добро одржувано.

Не бива така, другари.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2148
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #192 на: 30 Август 2024, 22:14:53 pm »
Јас сум дал 300k денари за Леонов (за 4 години откако го имам), сега баш гледам во Fuelio. Доаѓа околу 75k годишно, без горивото.
Пројдени 60k километри со него. Вака напишано - излегува дека ме чини 5 денари по километар, без гориво.

Од сијалички до сервиси, до регистрации, до помош на пат. Буквално секој трошок, козметички, механички или функционален.

А го купив 6500€.
Дали ми се многу трошоците по него или не - не знам.

Отсутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 770
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #193 на: 30 Август 2024, 22:17:35 pm »
Прва грешка ви е што следите колку пари сте дале за колите.

Нема писмен запис, нема трага, не може несакајќи да ја видите бројката.  ;D

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #194 на: 30 Август 2024, 22:37:10 pm »
Прва грешка ви е што следите колку пари сте дале за колите.

Нема писмен запис, нема трага, не може несакајќи да ја видите бројката.  ;D
Може и во право да си за ова, па и кога ќе дојде време да ја продаваш, му кажеш на купецот "3-4000 евра сум фрлил по неа", ќе си рече што крнтија земал и сега ми продава братов. ;D ;D