Регистрирана по прв пат кај мене.
- 5780 осигурување во Триглав кај
@zlatko.jovceski- 4900 давачки за технички, патишта и све тоа што е реална кражба
Кочници добри, кочат еднакво, рачна добра, издувни гасови не знам што мереа, ама добри, подвозје добро. Ми кенкаа за магленките, не биле легални, немало да ме пуштат, ово оно, ама се спогодивме
Непланиран трошок денес: тргнат на регистрација, последниот семафор во Сарај беше црвен, и кочам, стискам куплунг да спуштам од 4та во 3та, и пропадна педалата до доле.
Се тргнав одма после семафорот на страна, сфатив дека ако ептен полека ја стискам педалата, не пропаѓа. Извозив некако до Тетово на ревакцинација, потоа до Гостивар директно кај матичниот.
Дијагнозата беше скршен механизам за самоштелување на сајлата, купена цела комплет сајла за 1300 денари и 400 денари работна рака.
ЕДИТ: Ја развозив убаво колата после промената, оној грд осет на куплунгот опишан во претходните постови сега го нема, тргањето е мекичко, како што е доследно на француско возило.
Сеа се надевам на безгрижно лето кај што надежно ќе заокружиме 10000 километри од купување.