Уште имам мерак на количето, живо и здраво си е, нити ме оставило некаде нити има помислено да ме остави
Беше купена како транзиционо возило, додека собирам средства за нешто поново, и си ја отслужи улогата совршено
И по огласената цена сум далеку во загуба бидејќи мислам дека ме чини близу 2200 евра до сега, ама пари се за трошење па не ги жалам, сепак сум ги вложил за да ме носи кај и да треба да ме однесе.
@t0m1cA Не сум нашол ништо уште, ама имам две конкретни коли кои ќе бидат примарно барани
- Fiesta 2010-2012 1.4 TDCi
- Alfa MiTo 1.4 T-Jet 120hp
Буџет ± 4000 евра, ако се продаде Пежово. Ако не се продаде, ќе се вози зошто си има регистрација уште 11 месеци и ќе се собираат пари