Ја мерев чергата и не беше доволно долга нити за Brera, нити за 159 SW Ti, нити за Mercedes-Benz CLK 220 CDI. На чергата ме собираше мене, стан под кирија и најефтиното исправно возило што можев да го најдам.
Тука улета
@t0m1cA како пратен од небесата и ми го понуди Пежовчето кое верно ги служело но веќе го одраснале. Бев, видов, провозив, оставив капар, и после мало задоцнување на автолакерот, потпишавме договор и сега сум горд сопственик на 2000 Peugeot 206 1.4i - 3 door со 249.000 километри (и јас се чудев како Пежо може да помине 249.000 километри, не си сам).
Слики од моментот кога колата стапна во двор:
Слики после детално перење, дитејлин на процепи и глинирање:
Нема да го тупам многу, зошто веќе го тупам со одржувањето, па еве кратка листа на работи што ми сметаа и ги сменив:
- држачи на мотор и менувач
- репарација на анласер (се случи еднаш да не пали, не ми се ризикуваше)
- совозачки фар
- даска/тапацир за гепек
- гумени држачи за ауспух
- лимитери на врати
- гумени патосници заменети со теписонски
- моторче за централно на гепек (за ова најдов финта, не го сменив)
Работи што сакам да ги адресирам во скоро време бидејќи, како самопрогласен ентузијаст, сакам возилата да ми се во најисправна состојба што може:
- менување на сите гумени/движечки делови во предница
- менување на сет ребраст, водна пумпа, линиски каиши и сите ролери
- свети сијаличката за рачна, прекинувач/сензор за рачна
-----------------------------------------------------------------
Е, сега, интересниот дел. Колите што сум ги имал секогаш сум ги персонализирал некако. Кај Ксарата, тоа беа ветробраните. Кај 145ката, тоа беше QV изгледот.
Тука, ја имам целата слобода на светот. Таа слобода за мене значи создавање на еден вид на
Rally/safari car tribute изглед, т.е. најдалеку што можам да одам во таа насока а колата се' уште да е корисна на секојдневна база.
Оваа насока на персонализација ми беше зацртана во глава и ќе беше реализирана без разлика на тоа која кола ќе ја купев, само ми се посреќи што Peugeot 206 е сама по себе рели легенда и имам многу фотографии од каде да влечам инспирација.
Листа на модификации кои ги планирав:
- 2 или 4 кружни магленки во висина на хауба
- калници на сите 4 тркала (најпрво обични, класични, подоцна 206 rally style mud flaps
- фабрички кровни носачи (затоа што имам 3 точаци и точкарско друштво)
- amber side marker lights (позициони + маркери)
- 14" steelies, фарбани бели и дечките од SEE3D да ми испринтаат капачиња какви што има 106 Rallye
- најголемите 14ки гуми што ги собира
- и финално, кога ќе дојде време да се репарира трапот, lift kit за 3-5 цм.
До сега, благодарение на
@AUUU, се снабдив со магленки и ги монтирав (електрична инсталација pending):
Во потрага сум по кровни носачи, оригинални за 206 со 3 врати. Пробав да упасирам од Saxo, но задниот носач не сакаше да стои. Најдов неколку сетови на Ebay во Германија ама логистички премногу замарање ќе биде.
Исто во потрага сум по калниците, ми кажаа дека во АутоЉидер имало универзални, па ќе пробам со нив за сега.
Енивеј, доста долг пост испадна, ќе се трудам да бидам што подетален во постирањето чисто ради дискусија и занимација.