Автор Тема: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look  (Прочитано 36172 пати)

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #195 на: 10 Мај 2021, 00:12:30 am »

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #196 на: 11 Мај 2021, 09:11:54 am »
Иначе колата ќе стои во Гостивар следнава недела, во припреми за регистрација. Почнав поактивно да ја возам па приметив работи што не ми се допаѓаат и ќе биде пренесено на матичниот да ги адресира:

- од @Prcot пазарени сите променливи делови на предница, како и секогаш одлични цени, брза набавка и јаки хехешки при примопредаја на деловите. Вилушки, внатрешни и надворешни спони, стабилизатори и гумици на балансштангла.
- сензор на рачна кочница поради кој свети сијаличката (можам да ја извадам сијаличката и да не се замарам, ама не е тоа решение)
- рачката за рачна кочница е лабава и на нерамнини ми тропка, ме вади од памет, веројатно треба да се затегне
- како што затопли времето, забележав температури на вода од околу 100°. Чистење на хладњак, и внатрешно и надворешно, или ако излезе водна пумпа, јебига цел сет ќе се купува :)
- куплунгот е на сајла, ќе го замолам господин мајстор да погледне дали може да се наштелива да фаќа попрогресивно
- има дупчиња на издувот, да се подзатнат малку треба ;D
- и финално, да каже свое мислење за сецкањето што го спомнавме погоре.

Ај вака, претрпе сервис колата:

- Предница сменета, доста од работите развиле луфтичка. Двете внатрешни и надворешни спони и чаура и јабучицата на едната вилушка - капут. Стабилизатори одлични, другата вилушка одлична. Сменето се, сепак од оваа точка па натаму ако се јави тропкање ќе знам кај да го барам.
- сензор на рачна кочница - среден
- рачка за рачна кочница - средена
- кревање температура - го исправ хладњакот од надвор, максимум температура што видов до сега е 92°
- куплунгот чепнат малце, ама голем дел од тропкањето била вилушката при тргање
- издувот немал дупчиња, така си звучела колата ;D сменет и последниот држач на ауспух што беше на средина под кола додека колата беше таму
- сецкањето - "вози мајсторе, ако почне да сецка во возење ќе му ја мислиме" :)

И финално, центрирана колата сабајлево во Сервис БоМи Ауто, многу во ред луѓе и двајцата.

Прво провери и изедначи притисок на гуми, си ја одработи колата, ја провози, ја врати и направи корекција на позицијата на воланот. Како што видов разликата во Toe меѓу лево и десно тркало ја донесе на 0.02 степени, така да прилично прецизно ако ме прашаш мене :) Топла препорака!


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #197 на: 04 Јуни 2021, 14:36:02 pm »
Регистрирана по прв пат кај мене.

- 5780 осигурување во Триглав кај @zlatko.jovceski
- 4900 давачки за технички, патишта и све тоа што е реална кражба

Кочници добри, кочат еднакво, рачна добра, издувни гасови не знам што мереа, ама добри, подвозје добро. Ми кенкаа за магленките, не биле легални, немало да ме пуштат, ово оно, ама се спогодивме ;D

Непланиран трошок денес: тргнат на регистрација, последниот семафор во Сарај беше црвен, и кочам, стискам куплунг да спуштам од 4та во 3та, и пропадна педалата до доле.

Се тргнав одма после семафорот на страна, сфатив дека ако ептен полека ја стискам педалата, не пропаѓа. Извозив некако до Тетово на ревакцинација, потоа до Гостивар директно кај матичниот.

Дијагнозата беше скршен механизам за самоштелување на сајлата, купена цела комплет сајла за 1300 денари и 400 денари работна рака.

ЕДИТ: Ја развозив убаво колата после промената, оној грд осет на куплунгот опишан во претходните постови сега го нема, тргањето е мекичко, како што е доследно на француско возило.

Сеа се надевам на безгрижно лето кај што надежно ќе заокружиме 10000 километри од купување. :)
« Последно менување: 04 Јуни 2021, 20:17:55 pm MartinAlfista »

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #198 на: 22 Јуни 2021, 20:29:39 pm »
Ненамерно и неочекувано најдов едно од најретките парчиња дополнителна опрема за Peugeot 206 - ОЕМ централен потпирач за рака.

До сега не сум начекал 206ка со ОЕМ потпирач ни во МК, ни по интернет, па прилично сум задоволен што го најдов за (мене) прифатлива цена.

Се штрафи на постоечката секција од централната конзола со еден штраф, еве како излезе:









И се исправме после успешното тридневно кампување во Радожда - на идење Скопје - Прилеп - Битола - Охрид - Радожда, на враќање Радожда - Струга - Кичево - Гостивар - Скопје.

До сега сум на 530 километри и имам уште повеќе од 1/4 резервоар, мислам дека ова точење ќе ми биде рекорд во километража на еден резервоар. Претходниот рекорд ми е околу 630 километри.


Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #199 на: 22 Јуни 2021, 20:34:21 pm »
Последнава слика е злато.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #200 на: 22 Јуни 2021, 21:25:44 pm »
Кој swiss army knife e тоа зеленкастиот?

 Rescuetool неќе да е...

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #201 на: 22 Јуни 2021, 23:00:13 pm »
Кој swiss army knife e тоа зеленкастиот?

 Rescuetool неќе да е...

Chinese Army Knife е, ама е стар преку 30 години :) Кога кинеските производи имаа малце квалитет.

Сите ножиња се stainelss а алатчињата се CrV, така да доста добро служи :)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #202 на: 23 Јуни 2021, 00:18:27 am »
Најкорисен додаток за кола е наслонот за рака. Браво за пронајдокот, супер легнал.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #203 на: 04 Јули 2021, 21:19:02 pm »
Се прошетавме до Старо Бачило по off road, забава до бесвест ;D Кој не знае, Старо Бачило летово работи како кафич и работи едноседот за одење таму, ама секако, позабавно е преку овие патеки :)

Имаше луѓе со 4х4 што стигнале таму, што е нормално, па разбирливо беше што имаше многу зачудени погледи кога се појави Пежото ;D

Повелете галерија:












Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3177
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #204 на: 04 Јули 2021, 21:25:56 pm »
Одлична рута и одлични слики  ги видов и на инстаграм

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #205 на: 05 Јули 2021, 12:51:21 pm »
Кога успеа да се забрадиш толку? :D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #206 на: 05 Јули 2021, 13:10:57 pm »
Другар ми е тоа, изрази желба да вози зошто девојчињата ги пративме надоле со жичара ;D Јас си сликав и пола пат висев со глава низ прозор гледајќи како се движат тркалата на нерамнините :)

Јас уште немам брада ;D

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #207 на: 05 Јули 2021, 13:30:25 pm »
Чим до сеа немаш...

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #208 на: 05 Јули 2021, 14:54:26 pm »
Јас уште немам брада ;D

Ќе пораснеш и ти.... ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Peugeot 206 1.4i - Rally Tribute/Rally Look
« Одговори #209 на: 05 Јули 2021, 15:15:52 pm »

Јас уште немам брада ;D

Не си сам ;D