Автор Тема: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03  (Прочитано 44041 пати)

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #210 на: 02 Октомври 2021, 16:22:22 pm »
[02.10.2021]

Средување на усисна клапна

Со колега Алфиста решивме да го средиме вечниот проблем што го имав со усисната клапна т.е. капење на масло/маслена пареа од влезот на усисот.

Најдов половна здрава клапна. Но при отварање сфативме дека и првичната е здрава само што металниот дихтунг кај усисно црево не дихтува добро. Брејк клинер, силикон и друг дихтунг и назад на составување.

П.С. Низ повратот од ЕГР вентилот (едно мало колено) и самата усисна грана видов колку најмногу гареж има насобрано. Во некоја друга прилика тоа.

П.П.С. Сите го знаеме вистинскиот проблем а тоа е некој семеринг на самата турбина али ај.

Цена: три пива.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #211 на: 02 Октомври 2021, 16:29:30 pm »
Вистинскиот проблем е што е дизел :( Не семеринг мемеринг..

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #212 на: 02 Октомври 2021, 16:46:31 pm »
Освен што е дизел.

Отвораш клапната и егр и чистиш. Сите тие цевчиња што одат до нив и од нив.
Јас првиот пат кога ги исчистив извадов две раце полни гареж. После тоа отварав на секои 2 год, немаше скоро ич зафатено.

Отсутен ceki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #213 на: 02 Октомври 2021, 16:50:48 pm »
jas imam alfa 147 znaci ako gi hejtaat alfite ama jas sum pre zadovolen. predhodniot sopstvenik so bese na alfata znaci redoven servis do posleden straf pravese.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #214 на: 02 Октомври 2021, 17:08:28 pm »
Освен што е дизел.

Отвораш клапната и егр и чистиш. Сите тие цевчиња што одат до нив и од нив.
Јас првиот пат кога ги исчистив извадов две раце полни гареж. После тоа отварав на секои 2 год, немаше скоро ич зафатено.

Многу многу точно, се уште го чувам упатството за монтажа и демонтажа, се надевам дека за брзо ќе му дојде денот.

Сега, главен акцент беше ставен на вакуум додатниот дел од страна на клапна кој го регулира лептирот. Тука се собираше масло и капеше врз сензор и ми олабавуваше стеги на црева. Ќе пишам по некои 400-500км како се држи.

@ceki таков ти бил ксметот. Кај мене претходниот газда се погоди нечовек, со делови од VW, со лиени заварувани рамења, со катастрофа акумулатор колку да запали само итн. 

Отсутен ceki

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 51
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #215 на: 02 Октомври 2021, 17:12:51 pm »
a uste malku kilometri i ke napravi 300.000

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #216 на: 11 Октомври 2021, 15:36:58 pm »
Целиов викенд беше некако на лева нога за возилото ама тоа е што е.

1) Денес беше ден за промена на граничникот на вратата бидејќи одамна крцкаше. Го купив 1000ка од каросерија.мк, но веројатно некоја бош кинезарија и нитованиот штраф ми се скина при штрафење. Вратата ќе стои растурена се додека не најдам друг подобар дел, бидејќи не вреди да го поправам скинатиот. Му го оставив на татко ми, нека се занимава со него.

2) Совозачкиот прозор се спушта, а не се подига со помош на модулот. Од 10-15 обиди, еднаш ќе се подигне на среќа.

3) Се насобра премногу вода во задните врати, па ги чистев сите сливници. На најдолните кедери од вратите, не од каросеријата, има канали кои треба да прават дренажа на водата што поминува низ вратата. Тие беа затнати, па излезе вода за еден брз туш  :) Исчистени и сливниците под бришачи каде што се насобираат лисја.

4) При качување на Плетвар на остри кривини слушам дека има некакво стружење/гребење на гумите или некој дел во околината. Ако е налево кривината (пример Топлица), како да се гребе левата страна на десната гума . И обратно за десна кривина, се разбира. Треба убаво да проверам што е тоа. Дали е гумата со поткрилото или хомокинетичкиот зглоб е истрошен па страда од нагло вртење, не сум сигурен.



Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #217 на: 11 Октомври 2021, 15:40:49 pm »
Пробај вака за граничниците

https://youtu.be/O3J_dFJqiKY

Sent from my SM-G770F using Tapatalk


Отсутен nekojtamu

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1165
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #218 на: 11 Октомври 2021, 17:13:15 pm »
За прозорецот оди кај Дени Тах. Пребарај на форумов има телефонски број.

Отсутен Busav

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3804
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #219 на: 11 Октомври 2021, 21:52:20 pm »
Целиов викенд беше некако на лева нога за возилото ама тоа е што е.

1) Денес беше ден за промена на граничникот на вратата бидејќи одамна крцкаше. Го купив 1000ка од каросерија.мк, но веројатно некоја бош кинезарија и нитованиот штраф ми се скина при штрафење. Вратата ќе стои растурена се додека не најдам друг подобар дел, бидејќи не вреди да го поправам скинатиот. Му го оставив на татко ми, нека се занимава со него.

2) Совозачкиот прозор се спушта, а не се подига со помош на модулот. Од 10-15 обиди, еднаш ќе се подигне на среќа.

3) Се насобра премногу вода во задните врати, па ги чистев сите сливници. На најдолните кедери од вратите, не од каросеријата, има канали кои треба да прават дренажа на водата што поминува низ вратата. Тие беа затнати, па излезе вода за еден брз туш  :) Исчистени и сливниците под бришачи каде што се насобираат лисја.

4) При качување на Плетвар на остри кривини слушам дека има некакво стружење/гребење на гумите или некој дел во околината. Ако е налево кривината (пример Топлица), како да се гребе левата страна на десната гума . И обратно за десна кривина, се разбира. Треба убаво да проверам што е тоа. Дали е гумата со поткрилото или хомокинетичкиот зглоб е истрошен па страда од нагло вртење, не сум сигурен.
Не за џабе рекле афла ти е викенд кола

Sent from my Redmi Note 8 Pro using Tapatalk

Барам девојка која ке си го продаде бубрегот за да си купам кола :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #220 на: 11 Октомври 2021, 22:59:35 pm »
Пробај вака за граничниците

https://youtu.be/O3J_dFJqiKY

Sent from my SM-G770F using Tapatalk



Одличен туторијал.
Јас ја продадов со малку растропани, не најдов лесен начин да го средам ова.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #221 на: 12 Октомври 2021, 08:57:01 am »
Пробај вака за граничниците

https://youtu.be/O3J_dFJqiKY

Sent from my SM-G770F using Tapatalk



Одличен туторијал.
Јас ја продадов со малку растропани, не најдов лесен начин да го средам ова.

Стварно одличен туторијал, ќе го разгледам за возачката страна, бидејќи совозачката веќе е растурена.

И нормално тука е дискусија - дали вреди да се прави вака или ново да се менува? Колку ќе кошта во време, во ресурси, во луѓе, барање на дреар итн или купување на нов дел кој е 10-15 еу?

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #222 на: 12 Октомври 2021, 12:03:13 pm »
Реално, штрафот може да се најде и во некоја продавница за завртки, пример Ариљеметал. Најважно е делот кој е без навој да е со соодветна ширин и должина. Делот со навој и да е подолг, лесно се крати.

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #223 на: 12 Октомври 2021, 14:30:55 pm »
Јас не најдов соодветни вакви нови за 10-15 еур.
Тие шо ги имаше кај нас не беа за мојата кола. Беа за 3 врати верзијата.

Оргинал ми беа многу скапи и не ги нарачав. Оргиналните што има не се оштетени, само имаат мала луфта кај тоа пинот и тропа. Со оваа модификација се прави одлично.
Иначе мора да растураш цела врата за да ги извадиш скроз. Тоа си повлекува кршење на некој платичен забец, па крцкање и нервози дополнително.

Тој штрафот што го монтира дечково се прави на дребонг за 5 мин. Ќе кошта исто така евтино.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #224 на: 12 Октомври 2021, 15:54:30 pm »
Иначе мора да растураш цела врата за да ги извадиш скроз. Тоа си повлекува кршење на некој платичен забец, па крцкање и нервози дополнително.

Да го потврдам само ова. За секој следен што ќе посака да менува на овој начин, да не го прави.

Дополнително треба и звучникот да се отштрафи целосно за да се пристапи до механизмот преку хируршка интервенција. Прашај ме од каде знам.

Дополнително (2), голема е веројатноста, новиот дел да не е толку квалитетен колку оригиналниот фабрички. Прашај ме од каде знам.

На возачката врата, ќе пробам со пиксна на дребонг, а совозачката бидејќи е веќе растурена ќе сменам дел, па ќе споредам.

____________________________________________

П.С. Дали спомнав дека ми покажа Battery charge low и се гушеше на семафор во лер, па ја возев како под саух? Ставен акомбилаторот на полнач, да се врати во живот, крајна волтажа - 12.97V