Целиов викенд беше некако на лева нога за возилото ама тоа е што е.
1) Денес беше ден за промена на граничникот на вратата бидејќи одамна крцкаше. Го купив 1000ка од каросерија.мк, но веројатно некоја бош кинезарија и нитованиот штраф ми се скина при штрафење. Вратата ќе стои растурена се додека не најдам друг подобар дел, бидејќи не вреди да го поправам скинатиот. Му го оставив на татко ми, нека се занимава со него.
2) Совозачкиот прозор се спушта, а не се подига со помош на модулот. Од 10-15 обиди, еднаш ќе се подигне на среќа.
3) Се насобра премногу вода во задните врати, па ги чистев сите сливници. На најдолните кедери од
вратите, не од каросеријата, има канали кои треба да прават дренажа на водата што поминува низ вратата. Тие беа затнати, па излезе вода за еден брз туш
Исчистени и сливниците под бришачи каде што се насобираат лисја.
4) При качување на Плетвар на остри кривини слушам дека има некакво стружење/гребење на гумите или некој дел во околината. Ако е налево кривината (пример Топлица), како да се гребе
левата страна на десната гума . И обратно за десна кривина, се разбира. Треба убаво да проверам што е тоа. Дали е гумата со поткрилото или хомокинетичкиот зглоб е истрошен па страда од нагло вртење, не сум сигурен.