@balanar Ете искуство плус Да средам со голем сервис, бидејќи почнува пополека да биде и тоа overdue, па ќе средам и со термостатот, сигурно зимава нема да се пентарам по претходно спомнатите превои
Термостат е многу битна работа, поготово во зима. Не сакаш да се симнуваш (на пример) од Маврово до Гостивар со отворен термостат на минус 12. Верувај, не сакаш Рачунај на Алфа термостатите имаат трајност од некои 5-6 години. Не е некој трошок. Ако планираш да ја шиткаш - батали, не мењај.
Јас треба да менувам термостат на Мито-то. Само малце да се опасуљам, па Прчот ќе бара Behr или Mahle (behr, препакуван). Цената е околу 3000-3500 денари. За 159 TBi мислам дека е најскап термостатот, изгледа од од Унобтаиниум им е куќиштето, пошто преку 100е е.
@Simo - Carrier159 Последиците на затворен термостат ги знам, би сакал да ги одбегнам истите. Но кои се на отворен, освен зголемена потрошувачка и намалени перформанси? Претпоставувам дека и турбината страда, но друго не ми доаѓа на памет, што би било ист калибар на затворен.
Инаку за шиткање по се изгледа не, бидејќи најверојатно ќе остане во наследство на чале. Не е лоша цената и за МиТо-то, прифатлива е и за тоа. Mahle гледам дека се многу набиени цените, како што гледам по страниве, ама затоа Прчот ќе настапи тука
Пффф, 16000 иљади беше за мојата оригинал ако добро памтам ,ставив некој заменски француски за околу 5/6 иљади сосе местење, ама кајмене е огромен пд страна на блокот и е бељазен низ него врват и масло и антифриз..
@vladic3110 го видов и на линкот и уште се чудам зошто и колку непотребно е искомплициран. Се видов во куќиштето, каналите за да поминуваат течностите, влез за сензор, чуда ствари, освен она што стварно го прави термостатот - термостат, а тоа е самиот вентил кој го регулира
текот на антифризот.