[23.10.2021]Мал апдејт - составена е совозачката врата и наместен е нов граничник. Пиксната на подвижниот дел не мрда, но внатре нешто се уште крцка. Како не е круцијален дел, решив да не се грижам толку за него.
Нешто кое вистински ме загрижува е термостатот. Видов как
@JezuzNoChill и ме потсети на тоа.
Ако го качувам Крушево, Пресека, Стража, Битуше, Молика
пополека (втора-трета) има навика да прегрева до кај 95 степени. Но после тоа, можеби недела дена не може да се оправи и да загрее правилно. На автопат со 120км/ч едвај 80-85 степени достигнува.
Ако ја газам квалитетно на Плетвар, често и ја фрлам во кривини на високи вртежи, не мрда од 90 степени.
Не можам да најдам составен дел како кај Јагуарот на Хесус, туку се продава како целосен затворен термостат кој е од 100еу нагоре. Сакам да најдам некое решение, а да не биде скрпено со термостат од Рено 4ка (да, и тоа го има) шибнато во цревото од ладњакот.