Автор Тема: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03  (Прочитано 44046 пати)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #180 на: 26 Јули 2021, 15:06:24 pm »
Не сме глупави, само сме сиромашни. Сите знаеме како треба, азното е тоа, потребите се бескрајни.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2217
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #181 на: 26 Јули 2021, 15:09:22 pm »
Ај на здравје одмор!

Мене ме фати анксиозност читајќи те, треба да тргнам на 04.08...

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #182 на: 26 Јули 2021, 15:34:40 pm »
Фала фала @balanar само пофалби да пишуваш, без дефекти да ти течи патувањето.

Ако одиш во Крф немаш некои посебни угорнини, плус секако Штип - Игуменица ти е отворен автопат.

Керкира - Палеокастрица е рамно, а Сидари северно е малку покривинесто но немаш гајле. Полека и ќе стигнеш :) Финална проверка пред тргање и очи 24.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #183 на: 02 Август 2021, 02:23:09 am »
[31.07.2021]

i) Цревото кое пукна на одмор е подобро наместено во двор и во домашни услови бидејќи мислев дека подлизнува од доле (можеби плацебо ефект да беше)

ii) Друго соседно црево открив дека е лабаво, бидејќи имаше стара, веројатно фабричка, стега. Променета таа со нова стега со штрафење и тоа се поправи.

iii) Проблемот со ексесивното ладење не е се уште решен. Во петокот на автопат на 35 степени надворешна температура, со 120км/ч и клима, работната температура достигна едвај некако 85 степени. Бидејќи цревото кое пукна од i) е веднаш под термостатот и буквално под сензорот за температура, се сомневам дека пареата под притисок и антифризот кој вриеше го имаат пореметено некој составен дел, па затоа стои (делумно) отворен термостатот.

iv) Колата конечно доби перење со две кофи по некои 10-11 месеци и после толку самоуслужни перални во Скопје. Две посебни микрофибер крпи, за горната и долната половината на возилото, Sonax неутрален шампон, K2 Bold за гуми кој инстантно се впива во гумите и млеко за кожните седишта (со друга крпа се разбира).

Доколку можат дитејлерите/љубителите на нега (ping @Diesel @Roci ) да препорачаат некаква заштита после перење. Има ли некакво „водено“ решение со пребришување?

Возилото не е уникат, па не треба којзнае какви boujee средства да има, но сепак си заслужува внимание. За жал немам полирка инаку би нанел таков восок од Turtle Wax.

 

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #184 на: 02 Август 2021, 06:49:48 am »
https://www.turtlewax.com/products/hybrid-solutions-ceramic-wax-spray-coating-16-fl-oz

Околу 1000 денари кошта, зависи кај ќе го начекаш. :)

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #185 на: 15 Август 2021, 00:29:13 am »
Надградувањата (да, множина) ќе си почекаат малку и ќе си добијат соодветен пост, а во меѓувреме да не биде досадно се појави уште еден дефект.

Се работи за составен дел од усисната клапна, кој не знам се уште каква функција има. Мислам дека е некаков вакуум регулатор за лептирот во самата клапна. Претходно се мрсеше, но ништо сериозно, а сега гледам дека капи од него масло, врз сензорот за температура, врз стеги и црева за антифриз и ги нагризува. На означените места на сликата доле е најмногу забележано од каде се излегува.

Ако го допрам и помрднам малку со рака, излегува ексесисвно масло, како да е удавен во кофа, како од лава колач течното чоколадо  ;D

Новa клапна не доаѓа во предвид бидејќи е колку еден голем сервис, така да веројатно ќе се скрпува со друга (половна) клапна, пред да предизвика поголема штета по нејзина вертикала.

Тукууу најголемата дилема ми е - што бара толку масло во систем низ кој треба да поминува (веројатно) само воздух?


Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #186 на: 15 Август 2021, 00:53:46 am »
Пратам.....

Sent from my SM-G770F using Tapatalk


Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14292
  • Пудингот на шоферството
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #187 на: 15 Август 2021, 02:42:29 am »
Масло и нагризување на стеги,црева и сл. не пасова.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #188 на: 15 Август 2021, 09:41:29 am »
Да, масло не ти нагризува ништо.

Делот ти е овој
THROTTLE PRESSURE VACUUM VALVE 5.32289.28
Значи на усис ти е ова.
Ако овде имаш толку масло 😬 Не би се опуштал толку.
Проверија турбината. Тргни го цревото и види осовинката колку луфта имаш или оди кај Жаре нека види.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #189 на: 15 Август 2021, 09:58:14 am »
Или шо викат, не дирај лава док спава, да не ја отвориш пандорината кутија :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #190 на: 15 Август 2021, 10:32:12 am »
Абе да не кудам, да иди толку масло на усис може да е лавот.



Еве уствари како изгледа цел дел

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #191 на: 15 Август 2021, 10:41:26 am »
Може "нагризува" не беше соодветниот термин. Капењето надоле во комбинација со вибрациите, кои од дупки, кои од мотор, прават да се олабавуваат стегите на секое.

Инаку да @Carpathian Lord тој е целиот дел заедно со самата клапна и не сум сигурен дали има заменски, туку директно цела клапна.

Ќе ја следам ситуацијата, ма да и лавот е разбуден и кутијата е поддотворена. Да средам пред да биде од играчка плачка.

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #192 на: 15 Август 2021, 13:40:56 pm »
Ако бега масло низ турбина, не можи само да се среди турбината а клапната да не се менува ?

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #193 на: 15 Август 2021, 13:54:09 pm »
Па масло секако бега низ турбина, посебно на вакво и слично 19 годишно возило. Само треба да се погледни каде е изворот на мрсењето и дали лептирот во самата клапна има некоја луфта и масло.

Нареден викенд ќе се отвара тој дел, дополнително да видам дали и во цревото од интеркулерот до блокот има некакви маслени испарувања и/или кондензирања.

Ќе ѕирнеме и кај тебе @vladimir_1 да видиме што се случува.

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #194 на: 15 Август 2021, 14:25:40 pm »
Па масло секако бега низ турбина, посебно на вакво и слично 19 годишно возило. Само треба да се погледни каде е изворот на мрсењето и дали лептирот во самата клапна има некоја луфта и масло.

Нареден викенд ќе се отвара тој дел, дополнително да видам дали и во цревото од интеркулерот до блокот има некакви маслени испарувања и/или кондензирања.

Ќе ѕирнеме и кај тебе @vladimir_1 да видиме што се случува.
Поарно да не знам :)

Sent from my SM-G770F using Tapatalk