Автор Тема: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03  (Прочитано 44081 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #165 на: 12 Јули 2021, 00:13:28 am »
Капачка, капаче, мислите на поклопец на главата?
Капачка веројатно е некоја цура што се капе.
http://drmj.eu/search/%D0%BA%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B0#%D0%BA%D0%B0%D0%BF%D0%B0%D1%87/%D0%BC

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #166 на: 12 Јули 2021, 00:17:53 am »
Со Типото истото ми се случуваше, 2 пати менував и по 6-7 месеци попушташе.
Потоа отидов кај сервис Илија каде дихтунгот беше дупло поскап, наредни 6 години не пушти, со него ја продадов колата.

Така да најверојатно е до дихтунзите.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #167 на: 15 Јули 2021, 13:54:03 pm »
Прославуваме со малата точно 50.000км и точно 5 години од првата дружба, со една скромна посета до Гостивар ;D Кој сака нека честита.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #168 на: 23 Јули 2021, 16:39:33 pm »
Патување со свое возило не е "интересно" ако нема некаква перипетија.

Вчера доцна вечер на симнување од Лекурси замокот во Саранда почекував на страна да се качуваат коли. При тргнување удрив гадно од доле, веројатно некое високо скалило беше или тротоар.

Веднаш застанав да проверам од доле да не тече нешто, но беше сосема суво. Главниот страв ми беше да не е дупнат картерот. Се довлечкав внимателно до сместувањето и благодарение на газдата, договоривме кај локален механичар.

Денес рано наутро бевме заедно со него до кај механичарот на излез од Саранда и ја крена на дигалка. За цела среќа штетата беше само естетска. Заштитната пластика под моторот скршена, а дел од шасијата беше изгребан.

Јас имам мирна душа, а механичарот си доби 5 евриќи што ни излезе во пресрет рано наутро. Плановите за Ксамил се поместија, но овие се тие непредвидливи работи за кои треба да сме спремни.

Ве поздравувам од северниот дел на Саранда, се разбира со кола, а утре продолжуваме со нови патешествија.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #169 на: 26 Јули 2021, 10:39:04 am »
Успешното враќање во Македонија по околу 8 саати пат го прославувам со дефект(и) во Саранда.

Баш пред сместувањето завчера вечер Алфата реши да и пукне водењакот и да истече скоро целиот антифриз. Среќа во несреќа, повторно благодарение на газдата, успеавме да ја истуркаме до паркинг, и да ја оставиме да излади. Јас искрено не знам како не прегреа.

Дефектот беше едно кратко 90 степени колено од 20тина цм, целосно пукнато по неговата должина. Имав нови метални стеги, најдов отворена продавница, купив црево и 2 литри антифриз и го пресеков по мерка. Не е OEM, но збрка работа.

Без механичар и шлеп служба, гарнитура со крцкалка клуч од газдата = 1500 ден (3000 леки) + некој бакшиш за него.

На враќање преку планината по „патот на смртта“ кој мислев дека нема да заврши, колата загреа до 100 степени и бев принуден да застанам на низината кај Ѓирокастер. Антифризот беше под минимум, но не течеше од местото на новото наместено црево.

Додека чекав да се излади за да додадам антифриз, забележав дека имам огромен штраф во задната гума. Како не знам колку време бил тука и фактот дека не е ни воопшто издишана гумата, решив да го оставам, па ако треба на грчка страна ќе интервенирам.

Антифриз додаден, грчко/албанска граница помината, Јанина такоџе, и на прва патарина после Јанина повторно застанав да проверам.

Овој пат беше на минимум антифризот. Додадов повторно и продолжив да возам, но овој пат без клима, само со вентилација, секако надвор беше околу 21-22 степени. Како што возев по автопат, забележував дека на некои места, возилото не ни достигнува 90 степени. Тоа е нешто што дефинитивно треба да се провери.

На секоја наредна патарина правев експресен питстоп да ја проверам гумата и нивото на антифриз и се беше во ред.

Полноќ на Евзони, ноќеска 01.30 во Скопје. 

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #170 на: 26 Јули 2021, 10:53:57 am »
Наздравје одмор :)

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #171 на: 26 Јули 2021, 10:57:46 am »
Ми се допаѓа позитивната страна на работите. Фала ти @зоки-златен , ми требаше :)

Отсутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1791
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #172 на: 26 Јули 2021, 11:01:44 am »
Добро е што се се завршило добро и со (прилично) лесно. Има вистина во тоа дека колку повеќе и се тресиш на колата и се спремаш пред секое патување дека повеќе проблеми си имаш. Некој ни масло ни вода не проверува пред тргање и полесно си поминува. Но јбг карактер е тоа, тешко се менува.

Дали тоа што ти пукнало коленото беше предизвикано од ударот во скалата/тротоарот или едноставно од старост?

Во врска со гумата, јас имав иста случка во Албанија пред 6-7 години. Само што стасав во Ксамил и паркирав за да одам да барам смештај, слушам шишти некоја гума. Ко видов еден штрав в успич закачен и одма на вулканизер :D Но чим не тиши, не чепкај мечка в п*чка, барем не на пат.


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13939
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #173 на: 26 Јули 2021, 11:02:36 am »
Одмор без авантури не е одмор ;D

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17506
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #174 на: 26 Јули 2021, 11:12:33 am »
Наздравје одмор Џо!

Провери си за воздух во систем, прилично сум сигурен дека со пукањето на цревото има заглавени џебови некаде што со отворање и затворање на термостат се ослободуваат.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #175 на: 26 Јули 2021, 11:41:49 am »
@dbl.dzo ми личиш на Мистер Но со неговиот Пајпер ;D

Ти фали уште детелинка со 4 листа на јакна, или на колата :)

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #176 на: 26 Јули 2021, 11:44:46 am »
Види, како ќе има што да им раскажуваш на внуците, ако нема нешто интересно.
Родителиве наши полни се со приказни.

Паметно што не си го извадил штрафот. За цревата, никогаш никој не знае кога ќе се случи тоа. Мислам дека треба човек да смени се од гума после 10 год ама па ако така сервисираме коли, подобро нова кола на 10 години.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #177 на: 26 Јули 2021, 11:47:02 am »
Гледаш дека со алфа ромео, животот е по интересен. Константно си имаш авантури и предизвици.  ;D

Во ваква ситуација, си требал да ги спуштиш прозорите до доле, пушташ греење на максимум и терај.  :)
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #178 на: 26 Јули 2021, 12:14:42 pm »
Добро е што се се завршило добро и со (прилично) лесно. Има вистина во тоа дека колку повеќе и се тресиш на колата и се спремаш пред секое патување дека повеќе проблеми си имаш. Некој ни масло ни вода не проверува пред тргање и полесно си поминува. Но јбг карактер е тоа, тешко се менува.

Дали тоа што ти пукнало коленото беше предизвикано од ударот во скалата/тротоарот или едноставно од старост?

Едноставно посилно од мене е, ќе ме јаде јанза ако не сум проверил нешто. Баш како што рече - карактер е. Инаку коленото се познаваше дека е старо, на самиот спој имаше и запечен антифриз кој се собирал со тек на време и чекал момент само да избие. Тој момент бил баш пред смештајот :) Пукнато беше од доле, гледајќи кон подот, и залажуваше дека е здраво од горната страна.

Во врска со гумата, јас имав иста случка во Албанија пред 6-7 години. Само што стасав во Ксамил и паркирав за да одам да барам смештај, слушам шишти некоја гума. Ко видов еден штрав в успич закачен и одма на вулканизер :D Но чим не тиши, не чепкај мечка в п*чка, барем не на пат.

Не дирај лава док спава. Се уште гумата не е истишена, ја проверив и сега. Тоа е, пат е едноставно и може да се случи. Во Скопје можеш да закачиш шајка камо ли Ксамил.

Наздравје одмор Џо!

Провери си за воздух во систем, прилично сум сигурен дека со пукањето на цревото има заглавени џебови некаде што со отворање и затворање на термостат се ослободуваат.

Фала ти, да ти се врати со повеќе авантури и помалку незгодни искуства! Претпоставував дека е поврзано со термостатот, бидејќи ексесивно ладеше на автопат иако возев 120 на удолница. Веројатно треба да се изедначи притисокот и воздухот. Во Македонија само еднаш ми падна до 80, а остатокот од патот си се држеше стандардно.

@dbl.dzo ми личиш на Мистер Но со неговиот Пајпер ;D

Ти фали уште детелинка со 4 листа на јакна, или на колата :)

На јакна, на јакна мислам јас, таман од групата ќе си купам  ;D

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #179 на: 26 Јули 2021, 12:18:36 pm »
Види, како ќе има што да им раскажуваш на внуците, ако нема нешто интересно.
Родителиве наши полни се со приказни.

Паметно што не си го извадил штрафот. За цревата, никогаш никој не знае кога ќе се случи тоа. Мислам дека треба човек да смени се од гума после 10 год ама па ако така сервисираме коли, подобро нова кола на 10 години.

Имав во секој случај бекап план, ако решеше да се издиши гумата, носев и сет за репарација, а и уште една гума секако (иако зимска, но не е битно тоа).

Нова кола на 10 години, па и почесто е сосема оптимално, но глупавиот и сиромашниот плаќаат двојно нели :)

Гледаш дека со алфа ромео, животот е по интересен. Константно си имаш авантури и предизвици.  ;D

Во ваква ситуација, си требал да ги спуштиш прозорите до доле, пушташ греење на максимум и терај.  :)

Воопшто не текна на тоа со греењето, вентилацијата само работеше постојано на 20 степени, но дефинитивно ќе го имам на ум.

Нашите возеле фичовци со 70км/ч во најдесна лента со отворен капак, ние ќе раскажуваме за вакви работи, пукнати црева и провртената ламела на @DimitarMK :)