Успешното враќање во Македонија по околу 8 саати пат го прославувам со дефект(и) во Саранда.
Баш пред сместувањето завчера вечер Алфата реши да и пукне водењакот и да истече скоро целиот антифриз. Среќа во несреќа, повторно благодарение на газдата, успеавме да ја истуркаме до паркинг, и да ја оставиме да излади. Јас искрено не знам како не прегреа.
Дефектот беше едно кратко 90 степени колено од 20тина цм, целосно пукнато по неговата должина. Имав нови метални стеги, најдов отворена продавница, купив црево и 2 литри антифриз и го пресеков по мерка. Не е OEM, но збрка работа.
Без механичар и шлеп служба, гарнитура со крцкалка клуч од газдата = 1500 ден (3000 леки) + некој бакшиш за него.
На враќање преку планината по „патот на смртта“ кој мислев дека нема да заврши, колата загреа до 100 степени и бев принуден да застанам на низината кај Ѓирокастер. Антифризот беше под минимум, но не течеше од местото на новото наместено црево.
Додека чекав да се излади за да додадам антифриз, забележав дека имам огромен штраф во задната гума. Како не знам колку време бил тука и фактот дека не е ни воопшто издишана гумата, решив да го оставам, па ако треба на грчка страна ќе интервенирам.
Антифриз додаден, грчко/албанска граница помината, Јанина такоџе, и на прва патарина после Јанина повторно застанав да проверам.
Овој пат беше на минимум антифризот. Додадов повторно и продолжив да возам, но овој пат без клима, само со вентилација, секако надвор беше околу 21-22 степени. Како што возев по автопат, забележував дека на некои места, возилото не ни достигнува 90 степени. Тоа е нешто што дефинитивно треба да се провери.
На секоја наредна патарина правев експресен питстоп да ја проверам гумата и нивото на антифриз и се беше во ред.
Полноќ на Евзони, ноќеска 01.30 во Скопје.