Автор Тема: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03  (Прочитано 44110 пати)

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #135 на: 28 Април 2021, 14:43:43 pm »
За кога ти треба стега за клипче враќање? Можеби ќе можам да ти позајмам.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #136 на: 28 Април 2021, 18:23:59 pm »
@vladimir_1 се убаво, фала за помошта, но во Скопје сум  :-\ Ако има некој тука во градов, ќе средиме со него. Или на крај на краиштата, пак една посета кај Жаре, ни да се малтретирам ни ништо.

@riki_staff баш спротивно, јавно признавам дека тоа се најкрутите патосници што сум ги видел во животот  ;D. Но за во зима се супер. Се спремаат платнени за (надежно) летнава сезона.
Ја не знам нишЧо за вај случај 😁

Sent from Poco X3 NFC using Tapatalk


Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #137 на: 28 Април 2021, 19:02:13 pm »
@MNikolovski мислам дека нема да помогне тоа, за жал.

Ако не се лажам мислам дека треба да се турне и заротира клипот за задните кочници. @Simo - Carrier159 нека ме поправи ако грешам.

@nikola_bb ако е возможно после празнициве (среда - 5ти мај или четврток - 6ти мај) на едно деноноќие, би било одлично.

Не знам кои и дали би имало последици ако продолжам долго да возам, бидејќи по звукот ми е како метал на метал (читај диск)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #138 на: 28 Април 2021, 19:51:34 pm »
Ако не се лажам мислам дека треба да се турне и заротира клипот за задните кочници. @Simo - Carrier159 нека ме поправи ако грешам.


Секако, мора вака:

https://youtu.be/Q_PNsH6SOjc

Само не сум сигурен на 147-цата дали на едната страна е со обратен навој, или на двете е со десен навој.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4999
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #139 на: 29 Април 2021, 07:38:50 am »
@MNikolovski мислам дека нема да помогне тоа, за жал.

Ако не се лажам мислам дека треба да се турне и заротира клипот за задните кочници. @Simo - Carrier159 нека ме поправи ако грешам.

@nikola_bb ако е возможно после празнициве (среда - 5ти мај или четврток - 6ти мај) на едно деноноќие, би било одлично.

Не знам кои и дали би имало последици ако продолжам долго да возам, бидејќи по звукот ми е како метал на метал (читај диск)
Пиши ми кога ќе ти требаат

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #140 на: 29 Април 2021, 12:43:28 pm »
[28.04.2021]
- Благодарение на колега алфиста кој ми излезе во пресрет, успеав да најдам соодветен исправен модул од 147ка редизајн (напред изгледот е минимално различен). Модулот стигна вчера во 21.00 со брза пошта од Штип, таман пред полициски  ;D

[29.04.2021]
- Модул монтиран, функционира совршено и сите копчиња работат. Најверојатно ќе го извадам и исчистам сензорот за температура, друго е се во ред.

Километражот трепка и ќе треба да се направи proxi alignment.



Модул: 0 ден
Работна рака: 0 ден
Брза пошта: 150 ден

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #141 на: 29 Април 2021, 12:49:43 pm »
Шо ти значи  фамилија алфисти

Sent from my SM-G770F using Tapatalk


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #142 на: 29 Април 2021, 19:41:17 pm »

Модул: 0 ден
Работна рака: 0 ден
Брза пошта: 150 ден

Proxy alignment 2 лименки Скопско!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #143 на: 29 Април 2021, 20:01:56 pm »
Кај мене еднаш се случи тоа со трепкањето на километражата и не ми е јасно како се опраи само од себе. Што ли гремлини се кријат....

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #144 на: 29 Април 2021, 20:10:13 pm »
Кај мене еднаш се случи тоа со трепкањето на километражата и не ми е јасно како се опраи само од себе. Што ли гремлини се кријат....
Некој нод (радио, врата, клима или сл.) не се учитал на иницијализација, но следниот пат пак се појавил. Ништо страшно.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13939
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #145 на: 30 Април 2021, 00:22:06 am »
Ако ви трепка километража, НАЈЧЕСТО ( мада скоро секогаш е ) што не сте почекале сите check-ови да завршат пред палење.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #146 на: 30 Април 2021, 06:55:47 am »
Ако ви трепка километража, НАЈЧЕСТО ( мада скоро секогаш е ) што не сте почекале сите check-ови да завршат пред палење.
Не,.Секогаш, дури и веднаш да завреглаш, body computer-от прави три циклуси на проверки на уредите кои ги контролира боди компјутерот. Нешто како BIOS иницијализација. На пример Blue and Me, кај колите кај што го има, никогаш не се „јавува“ на првиот чекап, бидејќи му треба време самиот да се „иницијализира“ пред да се пријави на кан-бас. Ако поминат трите проверки без да биде препознаен уредот, тогаш почнува да трепка километражата, која индицира дека има уред кој не комуницира со боди компјутерот. Ако извадиш некој уред, километражата не трепка кога ќе ја запалиш колата, туку после минута-две, откако ќе помине и третиот циклус на „повикување“ на уредите. 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #147 на: 06 Мај 2021, 15:58:27 pm »
Среќа што отворив во сите непрочитани теми инаку не ни видов дека имало нови пораки во мојава тема.

@Simo - Carrier159 ако знаеш ти да правиш alignment и повеќе од 2 лименки ти носам, ако не, ќе се снајдам  ;D

Инаку @Carpathian Lord ова со менувањето на модулот е една од причините поради кои трепка, мислам дека имаше уште неколку, као батеријата ти е при крај и слични електронски причини.

Можете и кај србинов да фрлите ишарет-два:
https://www.youtube.com/watch?v=ReZXYlgILAw и
https://www.youtube.com/watch?v=IH2vbqQyciI

Истото се случува и при промена на модулот за „подизачите“ и „спуштачите“ на прозори, доколку наместиш друг  ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #148 на: 07 Мај 2021, 06:56:14 am »
Среќа што отворив во сите непрочитани теми инаку не ни видов дека имало нови пораки во мојава тема.

@Simo - Carrier159 ако знаеш ти да правиш alignment и повеќе од 2 лименки ти носам, ако не, ќе се снајдам  ;D


Две лименки ти се за да провериш дали знам, ако знам повеќе ќе ти требаат ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Alfa Romeo 147 1.9 JTD '03
« Одговори #149 на: 08 Мај 2021, 19:39:43 pm »
[08.05.2021]
На пат кон Прилепа града направен пит стоп во Велес за фотосесија на друга велешка 147ка ама кога стигнав возилото немаше... мотор.  ;D

После велигденските празници, ситуацијата се влоши и задните кочници квичеа постојано и во движење, а не само при кочење. Па секако ги носев задните плочки со мене, ги сменивме таму со колегата алфиста.

(Купени Hella Pagid плочки од Мега Ауто Партс Тафталиџе за 1400 ден.)

На левото тркало, десната плочка беше целосно целосно истрошена, а левата целосно здрава. Тоа најверојатно беше причината за квичењето, како метал на метал контакт.

Исто така, дисковите имаа квалитетен заб, и истите се печени за менување. Една работа решена, две работи нови, стандардно  ;D

П. С. Корисна информација ако му искористи некому - клиповите во шепата и левото и на десното тркало се ротираат стандардно, како што се заштрафува, во насока на стрелките на часовникот.