Автор Тема: Статистики за продажба на нови возила во Европа  (Прочитано 33584 пати)

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #15 на: 06 Август 2020, 09:07:40 am »
Ја нема Honda JAZZ на листава само, а мислам дека кај неа ке има најмал пад, лани 10 возила, годинава 9.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #16 на: 06 Август 2020, 09:18:39 am »
А сега, вистинскиот проблем:

C-zero +160%

+

+
Напротив воопшто не е проблем, супер е колата за градско возило. Проблемот и беше цената. Претпоставувам за да постигнеш вакви бројки некаде нешто се сменило или се договорило и испаднале тие продажби. Главната продажба читам дека им е во Јануари 2020та преку 540 возила, и имале fire sale на кој продале 414 возила. Така да ете од каде дошла таа бројка.

Инаку количево беше и тука на тест во Карклуб далечната 2015та: https://www.carclub.mk/2015/06/19/test-mitsubishi-i-miev-idninata-sega/


Смешниот дел е кога ќе прочиташ цена од „Цена на тестираниот модел: Mitsubishi i-MiEV – 25.980 Евра“


И верувам дека сега после 5 години, ги дале пошто-зашто, згора на тоа субвенции, згора на тоа бенефиции за паркинзи и зони на движење.

Е сега излегува и прекрасниот Citroen Ami наскоро кој ќе биде електричното возило за широка потрошувачка по цена од 6000еур, така да другово нема логика да постои:
https://www.carclub.mk/2020/02/27/premiera-citroen-go-pretstavi-revolucionerniot-ami/

Отсутен Leonid

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 859
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #17 на: 06 Август 2020, 09:31:01 am »
Ако еспејс има најудобна и најрелаксирана вожња од сите класи на возила ондак некој не е во допир со реалноста.
@vlatko.klp некој земал фотелја и ја ставил во кола. После малку ја стегнал фотелјата да биде ергономска да не мрда телото лево-десно, а повторно да биде удобна. Кога некој оди на долг пат, ова е особено важно да не се здрви човек во седиштето и евентуално после пат да треба да оди на физиотерапевт да му ги намести коските, т.е. да ги врати таму каде му е местото. Овие МПВ возила се направени од инжењери и земени се многу параметри за да бидат удобни и функционални. СУВ возилата на изглед можеби се најубави затоа што ги правеле дизајнери, но ја немаат таа удобност и функционалност. Атрактивен изглед имаат и тоа е тоа. Сум се возел во две такви на долг пат (едно од нив и јас имам), а од второто едвај чекав да се симнам и да продолжам пешки по патот што ме болеше телото.  :-[

Што се однесува до Тигуанот и тој не е така лош како што го претставивте претходно. Сите VW имаат правоаголна форма, малку се досадни за возење, но тоа не значи дека се лоши. Внатрешниот простор кај сите нив можеби е најдобро решен со доста практични решенија. За изгледот секој може да коментира што му се допаѓа па така и за Тигуанот има можност за модификации. Ова е дел од нив:

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Neznam brat ti u kakov tiguan si se vozel, ama jas tri godini nemozam da najdam vozacka pozicija :D :D :D
Мислев дека само ја не можам да се наместам како што треба у комбето мое, дигај седиште, па спуштај па исправи наслон, па мрдни понапред, па волан спушти.... никако не си. Највеќе ме потсеќа на Фиат Добло мојов Плус, како и да се наместиш не ти е удобно за возење.

Додека од друга страна седни у нормална кола и за 3 секунди се местиш како што ти одговара.
Чувството е ко некој преку ноќ да ти ја вози колата и ти го разместува седиштето? :)
Да не имате деца тинејџери па да ви ги крадат колите ???

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #18 на: 06 Август 2020, 10:43:29 am »
Интересни вести од Авто Мото.


Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #19 на: 06 Август 2020, 11:09:15 am »
Колку никој нема да го купи оваааа....

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен darko mk5

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3600
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,7477.0.html
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #20 на: 06 Август 2020, 11:21:42 am »
Neznam brat ti u kakov tiguan si se vozel, ama jas tri godini nemozam da najdam vozacka pozicija :D :D :D
Не се однесуваше мислењето дека сум се возел во Тигуан туку за изгледот дека не биле убави и затоа прикачив слики од него со малку изменет изглед од вообичаен или само со еден мал детал (бандажи) како поинаку изгледа кога станува збор за убавина, дека и Тигуанот знае да биде убав, барем за мене. Во моментов сопругата вози Тигуан и таа вели дека е многу многу добро, дизел со многу тивок мотор како да нема дизел. Ќе треба да се уверам во позицијата на седење, но генерално муабетот беше за МПВ дека се практични, удобни, функционални и прегледни. За управување можеби малку се разликуваат од пониските коли, но голем дел возачи и не возат брзо за да бараат стабилност туку возат посигурно, па зазтоа и начинот на возење влијае при избор на ново (или половно) возило.

Инаку муабетот беше за удобноста на Espace или во мојот конкретен случај Scenic (многу слично со Espace пошто и во двете сум се возел) vs Captur. Од ова второто сакав да избегам што побрзо. Внатре е мало, има место колку за две ќеси да се стават и тешко подносливо на долг пат. Од надвор кога ќе го видите е една од најубавите коли ама внатре не е тоа тоа, особено не за патници што се повисоки. Но, тоа во моментов е атрактивно на пазарот со неговиот изглед, има добри мотори, издржливо, модерно и затоа се продава. Пријателот што се возев во него го продаде со 300.000km. Јас лично не би препорачал за долги патувања туку е повеќе како градски автомобил и можеби затоа потсетува на Clio кое решиле да направат SUV модел од него.

Поентата е дека сите коли се добри и убави. Секоја има своја карактеристика која се разликува од другите. Денес сите коли ќе ги извозите најмалку 200.000km, а се останато е маркетинг или удобност. Прашањето е секогаш индивидуално, кој на кого што му се допаѓа, станува збор за вкусови, а за вкусови секогаш се дебатира. Затоа пишуваме кој на кого што му се допаѓа кај одредена кола. Некој сака пониски, поспортски коли, адреналин во возење, некој друг сака смиреност, стабилност, удобност и со сите овие карактеристики производителите направиле различни модели на коли за да ги задоволат вкусовите на потрошувачите.  ;)

пс-заборавив едно добро утро на почеток да пишам, рано сум станат очигледно.  :D

едит: грешка во модели, не пишувам за Тигуан туку за Туран. Моја грешка, простете за забуната. Се уште ги мешам моделите Тигуан-Туран.  :(

isti k... i tiguan i touran se edno te isto vozilo samo sto tiguanot go naprile ko dzip... prostorno i vozacki nema nikakva razlika... i dvete se grdi za vozenje. Vekje sum vo potraga po R Line sedista zatoa sto ovie klupive sho gi stail nekoj u vozilo od cca 40 000 evra se samo za na peron ili eventualno za pred kooperacija...

______________________________________
Code: MK1 Project: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,10578.0.html

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8964
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #21 на: 06 Август 2020, 11:35:56 am »
daleku se od isti za vozenje j isti vozila..

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #22 на: 06 Август 2020, 11:48:43 am »
А сега, вистинскиот проблем:

C-zero +160%

+

+
Напротив воопшто не е проблем, супер е колата за градско возило. Проблемот и беше цената. Претпоставувам за да постигнеш вакви бројки некаде нешто се сменило или се договорило и испаднале тие продажби. Главната продажба читам дека им е во Јануари 2020та преку 540 возила, и имале fire sale на кој продале 414 возила. Така да ете од каде дошла таа бројка.


Погрдо е од лево јајце, сакав да кажам...
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен vandex

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 480
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #23 на: 06 Август 2020, 11:55:41 am »
isti k... i tiguan i touran se edno te isto vozilo samo sto tiguanot go naprile ko dzip... prostorno i vozacki nema nikakva razlika... i dvete se grdi za vozenje. Vekje sum vo potraga po R Line sedista zatoa sto ovie klupive sho gi stail nekoj u vozilo od cca 40 000 evra se samo za na peron ili eventualno za pred kooperacija...

Tiguan
Touareg
Touran

Кој ги смислил имињата алал да му е, до сега минимум 5 пати ги мешам сите модели, а цело време мислам на Туранот.  ;D
Сите VW модели можеби имаат исти седишта во последни 20 години како ништо да не е сменето, освен некоја R линија или BlueMotion ако има. Кај нив е важно просторот да биде скоцкан, прегледни коли со доста корисни решенија во внатрешноста. На пример на Scenic/Espace се ергономски кај сите овие модели и нема поудобно седење, откако ќе купиш некој од овие модели нема после да се мислиш каде да бараш нови седишта. Е сега не е идеално во друг поглед што е полесно за пристапување кај VW, ама секој има кола за своите потреби. Барај други седишта, тоа е. :(

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #24 на: 06 Август 2020, 11:57:27 am »
Кога ќе се изгориш на врело млеко, после и на кисело ќе дуваш.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #25 на: 06 Август 2020, 12:04:18 pm »
Седишта се знае, ергоактив каков рлајн какви бакрачи.

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6448
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #26 на: 06 Август 2020, 12:15:12 pm »
Рекардо се најаки.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #27 на: 07 Август 2020, 14:56:13 pm »
А сега, вистинскиот проблем:

C-zero +160%

+

+

Е добро де, продале две, сега скоро четири. :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #28 на: 07 Август 2020, 17:37:29 pm »
Колку никој нема да го купи оваааа....
Јасно. Прескапо е за скутер а кола секако не е. За 3000 евра да го даваат може да правиме муабет.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Статистики за продажба на нови возила во Европа
« Одговори #29 на: 07 Август 2020, 17:45:21 pm »
Јасно. Прескапо е за скутер а кола секако не е. За 3000 евра да го даваат може да правиме муабет.

Па не си далеку, го даваат за 2600 евра учество и после 20 евра месечно.

Да ти е мерак да возиш за ич пари.