Neznam brat ti u kakov tiguan si se vozel, ama jas tri godini nemozam da najdam vozacka pozicija
Не се однесуваше мислењето дека сум се возел во
Тигуан туку за изгледот дека не биле убави и затоа прикачив слики од него со малку изменет изглед од вообичаен или само со еден мал детал (бандажи) како поинаку изгледа кога станува збор за убавина, дека и
Тигуанот знае да биде убав, барем за мене. Во моментов сопругата вози
Тигуан и таа вели дека е многу многу добро, дизел со многу тивок мотор како да нема дизел. Ќе треба да се уверам во позицијата на седење, но генерално муабетот беше за МПВ дека се практични, удобни, функционални и прегледни. За управување можеби малку се разликуваат од пониските коли, но голем дел возачи и не возат брзо за да бараат стабилност туку возат посигурно, па зазтоа и начинот на возење влијае при избор на ново (или половно) возило.
Инаку муабетот беше за удобноста на Espace или во мојот конкретен случај Scenic (многу слично со Espace пошто и во двете сум се возел) vs Captur. Од ова второто сакав да избегам што побрзо. Внатре е мало, има место колку за две ќеси да се стават и тешко подносливо на долг пат. Од надвор кога ќе го видите е една од најубавите коли ама внатре не е тоа тоа, особено не за патници што се повисоки. Но, тоа во моментов е атрактивно на пазарот со неговиот изглед, има добри мотори, издржливо, модерно и затоа се продава. Пријателот што се возев во него го продаде со 300.000km. Јас лично не би препорачал за долги патувања туку е повеќе како градски автомобил и можеби затоа потсетува на Clio кое решиле да направат SUV модел од него.
Поентата е дека сите коли се добри и убави. Секоја има своја карактеристика која се разликува од другите. Денес сите коли ќе ги извозите најмалку 200.000km, а се останато е маркетинг или удобност. Прашањето е секогаш индивидуално, кој на кого што му се допаѓа, станува збор за вкусови, а за вкусови секогаш се дебатира. Затоа пишуваме кој на кого што му се допаѓа кај одредена кола. Некој сака пониски, поспортски коли, адреналин во возење, некој друг сака смиреност, стабилност, удобност и со сите овие карактеристики производителите направиле различни модели на коли за да ги задоволат вкусовите на потрошувачите.
пс-заборавив едно добро утро на почеток да пишам, рано сум станат очигледно.
едит: грешка во модели, не пишувам за Тигуан туку за Туран. Моја грешка, простете за забуната. Се уште ги мешам моделите Тигуан-Туран.