Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 156527 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1155 на: 20 Декември 2022, 21:47:46 pm »
Малку глупа споредба е да правиме на домашна клима со мотор во кола, ама пробај на хјудаито на загреана ко ќе чекаш нешто, отвори џамови ако не се седи, и закачи на максимум вентилаторот и температурата, ќе видиш за неколку минути дека ќе ти падни температурата на моторот.

А тоа со стрелката дека е закована на 90°, за повисока важи некое правило да не се покачува за да не се напнуваат многу одредени луѓе, ама за пониски не ми се верува дека на 70 ќе кажува 90.
Прво, не споредував со клима, туку со парно.

Понатаму, за паѓање на температурата во околности што си ги опишал не е воопшто спорно.
Но во реален живот се намалува и вентилатор и температура пошто станува жешко во кабина па со тоа нема да падне температура на мотор.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6717
  • French diamond
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1156 на: 20 Декември 2022, 22:13:00 pm »
Незнам на дизел како е, ама на бензинец со исправен термостат нема да падни што и да му правиш, логички би требало и кај дизел да е така, пошто тоа и му е функцијата на термостатот, ако се олади водата тој да се затвори и да одржува некоја константност на температурата.

Јас типувам на термостатот. Особено штом паѓа при возење на отворено.

Отсутен JezuzNoChill

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 989
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1157 на: 20 Декември 2022, 22:21:42 pm »
Во лер троши околу 0,5 литри односно 5 kw. Тоа не е доволно енергија да го одржава моторот и антифирзот на 90 степени плус цела кабина да ја загрее.
Моторот ја произведува енергијата.

Јас со 5кв грејам цела куќа во најстудените денови.

Или, дури и во лер не сум го држел парното на макс, едноставно неиздржливо е во кабинчето.

Моторот не произведува ништо, енергијата е во горивото. Од тие 5 kw енергија повеќе од 50% одат низ издувот, поготово бидејќи е изваден егр. 20% одат во алтернаторот/електрониката за светла пумпи вртење на моторот и што ти останува за греење на моторот на 90 степени плус да ти ја грее ладна кабина?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1158 на: 20 Декември 2022, 23:19:48 pm »

Моторот не произведува ништо?
Па кој ку*ац го ставиле у кола, доволен е резервоарот еб*го.

Понатаму паламудење, али ај со истата аналогија, и системот за парно на нафта без везе туриле котел со бренер пошто нели енергијата е во горивото, односно си има танк, плус си има и оџак низ кој оди 50% , па згора и со отворени пенџериња ака изваден ЕГР, единствено алтернаторот не може да се покрие у пресметката, но и волуменот на куќата не може да се покрие со волуменот на кабината од колата...

Мислам, дај, тие сказни на внучињата дур не тргнат у забавиште, друг некој се гази од смеење ;D

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2148
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1159 на: 20 Декември 2022, 23:38:03 pm »
Јас типувам на термостатот. Особено штом паѓа при возење на отворено.

Не е на отворено, за низ град (и во место) вчера забележав.
Ќе видиме утре на отворено, здравје.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2148
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1160 на: 21 Декември 2022, 00:07:53 am »
Имено, мал апдејт.

Пред малку ја повозив 20-тина километри низ град и вака се однесува (на постигната работна температура и стрелката на средина, 90С).

- Наместено на најтопло и најголема брзина (7 црти) на вентилатор - паѓа на 75-80С
- Наместено на најтопло и средна брзина (3-4 црти) на вентилатор -  паѓа на 80-85С
- Наместено на најтопло и ниска брзина (1-2 црти) на вентилатор - си стои на 90С
- Наместено на 23C и 24С и најголема брзина (7 црти) на вентилатор - паѓа нa 85C
- Наместено на 23C и 24C и средна брзина (3-4 црти) на вентилатор - си стои на 90C

Кога ќе падне стрелката во сите случаи, топлината на воздухот останува иста како кога е на 90C.
Од камен-ладен мотор до 90C прилично брзо загрева низ град, му требаше едно 7-8km. За млако-топло дување - некој километар помалку.

Ова што го тестирам мислам дека баш е екстремно, сам не се сеќавам да сум издржал повеќе од некоја минута со најјако парно и на најголема брзина. Нема ни поента, не се седи внатре.
Ме чуди паѓањето до 75C, баш ќе видам утре како ќе се понаша на отворено.
« Последно менување: 21 Декември 2022, 00:25:02 am balanar »

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6263
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1161 на: 21 Декември 2022, 07:35:23 am »
На средна брзина парно и тргни застани низ град би требало да држи температура, ама пошто не знаеме каков е теренот и начинот на возење, ти треба најубаво да си знаеш.
Витезот со Астрата по 20км не можи да го загрее моторот, ти за на максимум парното бериш гајле.  ;D

Незнам на дизел како е, ама на бензинец со исправен термостат нема да падни што и да му правиш, логички би требало и кај дизел да е така, пошто тоа и му е функцијата на термостатот, ако се олади водата тој да се затвори и да одржува некоја константност на температурата.

A дали на затворен термостат кругот на водата го вклучува и радијаторот од парното или не? Ако го вклучува, ти пак можиш да го ладиш моторот.  :)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2148
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1162 на: 21 Декември 2022, 07:55:16 am »
Сабајлево Штип - Скопје (на -3C надворешна температура) колава почна да дува топло после 5km од палење, а после 9km стигна до средина (90C).

На наместено најтопло и средно-висока брзина на вентилатор (4-5 црти додека да згрее внатре, потоа намалив) - не мрдна стрелката од 90C цел пат.
Најверојатно џабе цепидлачам...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1163 на: 21 Декември 2022, 08:29:02 am »
На сеуште непостигната работна температура веќе си подотвара термостатот, не стои цело време затворен дур не стигне 85 или колку во зависност од кола до кола.
Во моментот кога ќе пропушти ладна вода знае да ја кутне малку стрелката бидејки не исто да измешате вода со 0 степени со 50, и 0 степени со 90.
Истото и на јак минус во лер, фактички не се цица дотолку температурата преку парното, туку му доаѓа момент кога термостатот ќе отвори и ќе ја олади водата, да не кажам освежи :)

И уште еднаш, илузорно е да се блаботи за проблематично загревање на простор од 2 кубика, или како што обичат мајсторите, 2 квадрата да згрееш.

Стрелката или ледиодите кои означуваат ниво на температура се далеку од тоа да покажуваат прецизна вредност.

Отсутен JezuzNoChill

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 989
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1164 на: 21 Декември 2022, 08:38:53 am »
Во лер троши околу 0,5 литри односно 5 kw. Тоа не е доволно енергија да го одржава моторот и антифирзот на 90 степени плус цела кабина да ја загрее.
Моторот ја произведува енергијата.

Јас со 5кв грејам цела куќа во најстудените денови.

Или, дури и во лер не сум го држел парното на макс, едноставно неиздржливо е во кабинчето.

Моторот не произведува ништо, енергијата е во горивото. Од тие 5 kw енергија повеќе од 50% одат низ издувот, поготово бидејќи е изваден егр. 20% одат во алтернаторот/електрониката за светла пумпи вртење на моторот и што ти останува за греење на моторот на 90 степени плус да ти ја грее ладна кабина?
Моторот не произведува ништо?
Па кој ку*ац го ставиле у кола, доволен е резервоарот еб*го.

Понатаму паламудење, али ај со истата аналогија, и системот за парно на нафта без везе туриле котел со бренер пошто нели енергијата е во горивото, односно си има танк, плус си има и оџак низ кој оди 50% , па згора и со отворени пенџериња ака изваден ЕГР, единствено алтернаторот не може да се покрие у пресметката, но и волуменот на куќата не може да се покрие со волуменот на кабината од колата...

Мислам, дај, тие сказни на внучињата дур не тргнат у забавиште, друг некој се гази од смеење ;D

Систем за парно на нафта ако нема секундарен топлоизменувач на издувот тогаш ќе има големи загуби. Не знам зошто ти е толку чудно што мотор кој троши релативно малку гориво на час кој е дизајниран да "произведува" механичка енергија, нема доволно загуби да се грее сам себе на 90 степени плус вентилатор пуштен на најјако со воздух од 0 степени да му поминува низ топлоизменувач. Кога возиш еве како сега пример 10км за 20 минути ќе потрошиш литар гориво односно 10 kwh или во просек си "произведувал" 30kw вкупна енергија. Дизел мотори СВС се да речеме 40% ефикасни во "произведување" механичка енергија што значи дека во движење имаш во просек 12kw вишок топлина којашто можеш да ја користиш за греење на моторот и кабината, додека во мирување имаш само 1 до 2 kw вишок топлина.

Се надевам дека убаво ти објаснив

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1165 на: 21 Декември 2022, 09:07:38 am »

И погоре спомнав, 2 кубни метри да се загреат! Какви киловати, вати се во прашање.

Отсутен JezuzNoChill

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 989
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1166 на: 21 Декември 2022, 09:16:08 am »
Не ги гледам внатре кубните метри ирелевантни се. Претпоставувам дека не му е уклучена рециркулација што значи дека има бесконечно количество ладен 0 степени воздух кој поминува преку радијаторот.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13706
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1167 на: 21 Декември 2022, 16:38:09 pm »
Сабајлево Штип - Скопје (на -3C надворешна температура) колава почна да дува топло после 5km од палење, а после 9km стигна до средина (90C).

На наместено најтопло и средно-висока брзина на вентилатор (4-5 црти додека да згрее внатре, потоа намалив) - не мрдна стрелката од 90C цел пат.
Најверојатно џабе цепидлачам...

Отприлика исти параметри и јас ги имав на Passat 2.0TDi 170 (BMR)

Јас дури менував термостат покасно да отвора за побрзо да ми загрева за зимно време. Имаше подобрување ама не нешто којзнае што.

Не сум забележал да ми паѓала температура, ако сум уклучел парно, мада има логика.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1168 на: 21 Декември 2022, 21:17:54 pm »
Сабајлево Штип - Скопје (на -3C надворешна температура) колава почна да дува топло после 5km од палење, а после 9km стигна до средина (90C).

На наместено најтопло и средно-висока брзина на вентилатор (4-5 црти додека да згрее внатре, потоа намалив) - не мрдна стрелката од 90C цел пат.
Најверојатно џабе цепидлачам...

Отприлика исти параметри и јас ги имав на Passat 2.0TDi 170 (BMR)

Јас дури менував термостат покасно да отвора за побрзо да ми загрева за зимно време. Имаше подобрување ама не нешто којзнае што.

Не сум забележал да ми паѓала температура, ако сум уклучел парно, мада има логика.
хахаха, менувал термостат за побрзо да загрее, не ми се верува ;D

Отсутен JezuzNoChill

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 989
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #1169 на: 21 Декември 2022, 21:26:39 pm »
Сабајлево Штип - Скопје (на -3C надворешна температура) колава почна да дува топло после 5km од палење, а после 9km стигна до средина (90C).

На наместено најтопло и средно-висока брзина на вентилатор (4-5 црти додека да згрее внатре, потоа намалив) - не мрдна стрелката од 90C цел пат.
Најверојатно џабе цепидлачам...

Отприлика исти параметри и јас ги имав на Passat 2.0TDi 170 (BMR)

Јас дури менував термостат покасно да отвора за побрзо да ми загрева за зимно време. Имаше подобрување ама не нешто којзнае што.

Не сум забележал да ми паѓала температура, ако сум уклучел парно, мада има логика.
хахаха, менувал термостат за побрзо да загрее, не ми се верува ;D

Па да, ако термостатот е заглавен подотворен како што се случува во 99% од случаите тогаш со нов термостат побрзо ќе загрева