Денес земени од нашиот макро/дилер/гуру -
@Prcot Одлична соработка и со него и со брат му. Ми останаа за порачка амортизери за гепекот (почнаа да ме нервираат, не работат како шо треба т.е во најголем дел од времето се подигаат до пола и после мора рачно да ги буткам нагоре) и филтер за нафта.
Ги земам истите филтри втор пат, а маслото веќе го користам 4-ти мал сервис.
Од последниот мал сервис (на 08.08.2022) имам поминато 10.469km.
Од менувањето на филтерот за нафта (во јуни, го менував тогаш кога ме зафркаваше ЕГР-от, па не знаевме претходно што е) имам поминато 13.620km.
Сакам малку да го оддолжам интервалот за малиов сервис, барем до 12.000km. Да не претерувам, ама со квалитетот на деловиве погоре некако како сам да си се издолжува тој интервал. Сегашниов филтер за полен е џам и физички и од филтрацијата, како за пример.
Инаку, мал совет - дали да си докупам сега и филтер за нафта или да го сменам на нареден мал сервис (што ќе му дојде на 27.000km од последната замена)?
Знам, знам... дека не е скап да се смени и сега и да не се замарам