Бидејќи сакам деновиве да напишам еден патепис за летниот одмор на Закинтос (може ќе му се најде на некому од форумов и ќе го инспирира својот летен одмор да го помине баш таму), сакав да го одвојам CarClub-от дел и да напишам како поминавме со Леонот на неговата тема.
Штип - Неготино - Гевгелија - Патра - Килини - Закинтос.
И назад по истата рута.
- поминати 1870km (од кои 488km на самиот остров)
- ставени 111.53L гориво кои се поделени вака:
Макпетрол:48.73L x 98.5 ден. = 4800 ден.
Shell V-Power Diesel:24.15L x 2.07€ = 50€
38.65L x 2.07€ = 80€
Да бидам искрен, не забележав разлика од Shell-от и Макпетрол. Веќе со втор автомобил (и втор одмор со Леонов во Грција) го забележувам истово, и на Бравото немаше разлика.
- просечна потрошувачка 5.7LБидејќи резервоарот собира 55L, сум имал 7L пред да го наполнам цел пред тргнување натаму. По груба проценка, кога се вратив во Македонија имав останато околу 12L.
111.53L - 5L (разликата пред и после ставање) = 106.5L (потрошени за 1870km).
Борд компјутерот (сликата подолу) секогаш ми покажува точно 1 литар помалку. Потврдено веќе 2 години откако колата е во моја сопственост.
Mалку слики:
Што да кажам од Леонот?
Презадоволен со оглед на самиот модел, мотор и староста на возилото.
Мислам дека на вакви патувања се гледа разликата од редовно и прописно одржување. Не дека не може да се случат секакви срања (затоа и уплатив Vozzi пакет).
Доволно удобен, доволно моќен (со двајца и багаж) за секакви ситуации.
Eдинствено што ми направи мала паника и чудење е што слушнав како да тропка/цвичи некоја ламарина/метал некаде од кај предните тркала. Се сомневам дека се предните плочки и дека тропка металниот индикатор, ќе ги провериме во наредна прилика.
На одење (бидејќи возев ноќе, а ноќе избегнувам да возам така „побрзо“ заради непрегледност) возев 120-130, а на враќање си го спуцав 140-150 на делници каде беше разумно за тие брзини.
Автопат е од клучката кај Chalastra (десно за Egnatia Odos/Veria, лево за Солун), па до мостот Рио - Антирио кај Патра.
За автопатите.
Egnatia Odos го возам веќе 4-то пат. Многу e попуст, со многу помалку одмаралишта и бензински. Морав да застанам во најдесната лента за да се измочам (ќе ми прснеше меурот), 50km нема човек каде да застане. После се погоди и патарина на која чекавме 20 минути, цела среќа што завршив работа претходно, ќе требаше да мочам измеѓу коли.
Ionia Odos го возам првпат. Две години по ред (кога одев за Лефкада, па за Кефалонија) го начекав на градење. Многу пожив, поурбан (со повеќе содржини попатно) и некако поинтересен за возење. Патарините се изгор. Сите се над 3 евра (има четири) и мостот пред Патра е 13.70 евра во еден правец.