Денес на 227.537km (11.106km од претходниот на 08.08.2022) направен мал сервис.
Ве послушав и си докупив филтер за нафта Hengst од
@Prcot Старите филтри:
Групација VAG во неприродна средина
=======================================================
Последниве недели (па и месеци) слушам цвилење и квичење од предниот дел. Вчера ја пуштив во лер на удолница и закочив, цвилењето се губи.
Претежно кога возам низ град со ниска брзина се слуша. Додека бев сабајлево на мајстор, му реков да ги ѕирнеме предните плочки. Рече дека се за менување под итно. Имам поминато 40.000km откако сум ги сменил, сум ставил тогаш од производител Quinton Hazell.
Во комуникација со Прчот ми понуди:
- Febi
- Blueprint
- Bosch
- Herth + Bass
- Brembo
- ATE
- TRW
- Textar
Мајсторов ми предложи да одам на Textar, а и Прчот исто ми ги препорача.