Колку и да не е релевантна стрелката за температура, кај ВАГ групација мора да стои на 90 степени, без разлика греење, ладење, вентилација, нагорнина, удолнина. Ако оди над 90 или паѓа под 90 нешто не е во ред.
Истиот проблем го имав јас на Transporter 1.9 TDI, кај мене паѓаше температурата и кога ќе се спуштам по Плетвар или Стража, се реши со промена на термостат.