На сеуште непостигната работна температура веќе си подотвара термостатот, не стои цело време затворен дур не стигне 85 или колку во зависност од кола до кола.
Во моментот кога ќе пропушти ладна вода знае да ја кутне малку стрелката бидејки не исто да измешате вода со 0 степени со 50, и 0 степени со 90.
Истото и на јак минус во лер, фактички не се цица дотолку температурата преку парното, туку му доаѓа момент кога термостатот ќе отвори и ќе ја олади водата, да не кажам освежи
И уште еднаш, илузорно е да се блаботи за проблематично загревање на простор од 2 кубика, или како што обичат мајсторите, 2 квадрата да згрееш.
Стрелката или ледиодите кои означуваат ниво на температура се далеку од тоа да покажуваат прецизна вредност.