Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 163820 пати)

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2318
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #975 на: 10 Јуни 2022, 20:54:24 pm »
Мене таа од лево (Неолукс) повеќе ми се допаѓа, не е толку нападно светлото, убаво го осветлува цел тој дел од таблицата, дискретно, а убаво се гледа и свети. Плус тоа што викаш дека кинеските прегреваат брзо и некако многу јако светат а полошо ја осветлуваат таблицата (само горе а не и доле).
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14232
  • Пудингот на шоферството
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #976 на: 10 Јуни 2022, 21:19:32 pm »
Mene vaka isto mi licat, a i premnogu zamaranje za sialicka na tablica
Не се исто има мала разлика,ама за замарањето се согласувам целосно...
Јас немам ни видено дали воопшто светат кај мене,а не па на секое две недели да менувам.😂😂😂
Ама јас сум лош пример.😁
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8870
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #977 на: 10 Јуни 2022, 22:56:33 pm »
Akonme svetat ne gi gledash duri vozish, koj mu treba neka gi gleda. :)

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #978 на: 11 Јуни 2022, 11:37:18 am »
Денес си ги подигнав од брза пошта и пар Neolux LED C5W (36mm, 6000К), порачани од Аутолукс.
Ги порачав уште пред да стасаат кинеските, ваљда им стигнале на залиха и ми ги пуштиле.
На нив имаше налепница со цена од 15 лева  :)

https://autolux.mk/led-krushka-neoluks-ts5v-6000k-36mm-k-t-2br

Neolux е бренд на Осрам. Имаат ладилниче на задниот дел, слично како Филипсот. Не ми се допаѓа зошто е матно стаклото пред ЛЕД-от. Ако тоа им е поентата за да постигнат cool white ефект...
Ме мрзи сега пак да чепкам и менувам сијалици, ќе ги пробам кога ќе прегорат кинеските.

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Да ја разгориме малку спорната тема за ЛЕД на задна таблица.  ;D

Еден мал апдејт за сијалициве после година и кусур (сум ги купил во јануари 2021). Никогаш не ги наместив, цело време ставав од кинеските што ми беа на залиха.
Синоќа забележав дека и двете сијалички на задната таблица ми се цркнати и викам ај да ги пробам Неолукс-от.

Левата сијаличка е Neolux, десната е кинеска од АлиЕкспрес (линк)


Прво што забележав е дека имаат малку „потопла боја“ и се попригушени (заради матното стакленце на самата сијалица), но светлината е многу порамномерно распределена (веројатно исто - заради матното стакленце). You win some - you lose some.

Друго што забележав e најверојатно причината зошто умираат кинескиве ЛЕД прилично брзо. Некаде на 2-3 месеци умираше по една.
Имено, бидејќи под бандера ги местев сијалиците и сакав да ја сликнам разликата во темно, се провозив 100-тина метра и кога ја извадив кинеската беше ПРЕЖЕШКА, а беше вклучена претходно дали и 5 минути.

Најголем проблем на ЛЕД сијаликите е загревањето. Треба да си внимателен и да одбериш сијалички споре намената. Ако сијаличките светат долго време (позиции, таблица итн... ), тогаш морат да бидат со соодветлно ладење. Ако се користат кратко време (фиока, внатрешно светло, багаж....), тогаш можиш да ставиш било какви.

Тие за на таблица има специфични светилки кои имаат подобро ладење.
Вакви се од прилика...

https://www.aliexpress.com/item/4001225281877.html

Купи си вакви и ќе ти траат подолго време.

За други типови на сијалички ЛЕД ќе мора да направиш истражување кои се со добро ладење.
Има еден канал на ју туб, еден објаснува за сите типови на сијалички и кои се со ладење, а кои не.
Ако го најдам ќе ти го пратам.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #979 на: 11 Јуни 2022, 13:42:18 pm »
Или ќе си стаиш нормални православни сијалички и нема да се замараш до толку.

Мислам, увек постои како опција. :)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #980 на: 11 Јуни 2022, 18:59:32 pm »
Има еден канал на ју туб, еден објаснува за сите типови на сијалички и кои се со ладење, а кои не.
Ако го најдам ќе ти го пратам.

Сигурно мислиш на Романецов:
https://youtube.com/c/SergiuGabor

Предобар канал, штета што поретко става видеа. Ама доста опсежни му се.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #981 на: 12 Јуни 2022, 15:37:18 pm »
Малку подолго време вршев "анализа" на потрошувачката, чисто од љубопитност дека полнам гориво прилично често и се вози баш мешано (автопат, регионален пат, градска низ Штип, Скопје и тн.).
Користам Fuelio (од Sygic) за евиденција на дотурањата нафта.

Резултат:
Изминати 4000km, потрошени 233.43L нафта.
Просечна потрошувачка - 5.84L/100km.
Travel time (време колку била запалена колата) за овие 4000km e 81h 19min

Потрошувачката (на борд компјутер, онаа подолготрајната меморија што се ресетира после 2000km или после 20 часа, зависи што е попрво) секогаш ми ја покажува еден литар помалку. Ова го забележав уште откако ја купив, па сега и се потврди. Покажуваше 4.8L/100km, а реално е 5.8L.
« Последно менување: 12 Јуни 2022, 19:30:45 pm balanar »

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #982 на: 12 Јуни 2022, 17:40:45 pm »
Ок резултат, очекуван. Туку, колку е тоа "подолго време" со само 4000км поминато? Јас сум отприлика еден ипол месец со таа километража, само градска. Затоа прашувам. Во секој случај, продолжи, да видиме годишно како ќе испадне есапот.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #983 на: 12 Јуни 2022, 19:16:16 pm »
Ок резултат, очекуван. Туку, колку е тоа "подолго време" со само 4000км поминато? Јас сум отприлика еден ипол месец со таа километража, само градска. Затоа прашувам. Во секој случај, продолжи, да видиме годишно како ќе испадне есапот.

Сега баш видов во Fuelio, од 23.04 до денес...
« Последно менување: 12 Јуни 2022, 19:29:49 pm balanar »

Присутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43640
  • Il Moderatore
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #984 на: 12 Јуни 2022, 19:41:16 pm »
Ооо, добро... ќе почекаме едно лето и една зима за асален просек.. ;)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #985 на: 26 Јуни 2022, 16:19:16 pm »
Епа клабери, малку поопсежен пост со уште нерешен проблем/симптом.
Она со повременето сецкање/колебање при забрзување, како и варирање на работата на моторот при одреден број на вртежи остана сеуште.

Денес пак нешто ми сецкаше/се колебаше под полна гас во прва и втора брзина. При забрзувања во сите други брзини - не сецка. Интересно е што при гасење на колата и при повторно  Мене свашта ми иде на памет - од дизни, МАФ сензор, нафтена пумпа, па до банална работа како лош дизел.


Инаку, мал апдејт:
Не се среди тотално проблемот што го имав. Сега не сецка толку нагло, туку остана ова, не знам како да го опишам.
При палење на колата (не на секое) и при давање гас во прва и втора брзина, сецнува/се колеба и се слуша како навивање (врм, врм, врм) неколку пати по ред и после го снемува, во било која брзина. Пример, обично овака прави во понагло забрзување во прва и втора брзина и ако се паркирам некаде, ја угасам колата и пак тргнувам прва, втора - нема сецкање. И ова вака може да биде до крај на денот, може и на наредно палење после некој саат. Многу рандом се појавува проблемот, не можам да го реплицирам секогаш. Иако забележав една константа - преку ноќ оставена колата и првото возење наредниот ден, обавезно прави овака.

Прави како на видеово (извртете на 28-ма секунда):


Не се сеќавам дали си ги проверил дишните патишта на колава?

Црева од турбо до интеркулер, интеркулер или до клапната?
Сензорот за додот на воздух - маф ?

Можи да имаш некоја дупка, па да ти прави вака.
Кога турбината почнува да прави притисок тогаш ти се случува тоа „колебање“.

Мене ме чуди што не фрла никакви грешки. Тестирано и со VCDS и со ова

Уште почудно е што не можам да го реплицирам проблемот по моја желба.
Некогаш ќе сецне веднаш после палење и тргнување, некогаш после 5 минути од гасење и палење, некогаш после цела вечер (ова е почесто). Дури и во истото возење ако сецне во прва или втора и продолжам да возам - го нема при повторно враќање во прва или втора.

Пример - тргнувам во Штип сабајлето, сецнува во втора и си возам до Скопје каде никогаш не сецка во погорните брзини (од 3-та до 6-та).  Во Скопје на семафори и додека ја паркирам нема ништо. После работа си тргнувам за Штип и знае да сецне 1-2 пати додека излезам од Скопје и толку.
Наредниот ден истата рута - знае да сецне еднаш при стигнување во Скопје (на семафори или додека се паркирам). Дури и ако сецнува на еден семафор, на наредните нема ништо, се губи.

Да има дупка (која е константен фактор, нормално) во било кое црево  - ќе можам да го реплицирам проблемот по желба, што знам.

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

edit - Во разговор со мајсторот сабајлево, да се повратам деновиве да се исчисти и усисна грана (мислам дека нема го реши проблемов, ама нема зијан секако), како и да дијагностицираме бааги подетално за симптомов. До сега се водевме по грешките на компјутер. Физички не сме гледале црева или така нешто @osmica8

@osmica8 денес ги гледаа дишните патишта, нема скинати/напукнати црева, така да тоа се отфрли.
Она што забележaв е дека симптомот го реплицирам успешно ако во место ја држам околу 2000RPM и прави овака, снимав пред некој ден:

https://youtube.com/shorts/8Ww-UcbDmiY?feature=share

Се слуша варирање во работата на моторот и стрелката за вртежи варира ептен ситно. Истото го прави не само во место, туку и кога ја држам под гас на во тој опсег на вртежи.

На компјутер не дава грешки. Пробано со VCDS, Delphi и со LaunchTech.
Претходно исчистено од гареж усисна клапна, цевката од ЕГР до усисната грана, како и ЕГР насочувачот во усисната грана.

- Минатата недела променив филтер за нафта.
Имав Motaquip, ставивме Bosch. Исто.



- Денес мајсторот ми даде Valvoline Diesel System Protector, да го поминеме системот со адитив и да видиме дали ќе има промена. Откако е во мене колата, не сум ставал адитив.
Вечер ќе ставам околу 25L нафта (патувам за Скопје наредните три дена), па да видиме дали ќе има ефект.



Како последна опција - спомна ако не помогне адитивот, да ги однесеме инјекторите до некој Влатко во Кавадарци на проверка и тестирање. Му пишав на @AUDI за него, првпат слушам за тој сервис.
Не знам што ме зеза, вака прави од март и се развлече работава. Немам идеја повеќе.
Грешки на компјутер нема, исчистивме усисна клапна, променивме филтер за нафта, проверивме вакум (црева), еве ќе пробам и со адитив...

--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

Да не биде се така „црно“, денес надополнив и фреон. Некако како споро да ми ладеше и не се правеше баш-баш ладно, дури и на рециркулација.

Откако е во мене колата, не сум надополнувал и не знам кога последен пат е направено проверка.
Како што ми кажа мајсторов, на Леонов собирало околу 530gr фреон, а машината повлече назад околу 270 - што значи фалело пола.
Дополнето околу 250gr на постојните 270gr.
Цена - 1500 денари.
« Последно менување: 26 Јуни 2022, 17:06:38 pm balanar »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #986 на: 26 Јуни 2022, 16:53:10 pm »
Мене ми мириса дека си решил да стигнеш до замаецот кој куртули пред некое време :D

Бидејки е чудно да ти појавува ист симптом во лер и во вожња (не исто оптеретувањето на моторот), пробај да возиш по надолна и нагорнина на тие 2.000 вртежи (во прва, втора, трета или која мислиш брзина) да видиш што ќе се случува.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7049
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #987 на: 26 Јуни 2022, 17:28:59 pm »
Ја морав 3 пати да го пуштам клипот за да пофатам каде е моментот....

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #988 на: 26 Јуни 2022, 18:01:48 pm »
Ќе снимам после подолг клип, оној е ептен краток, 5 секунди...

Отсутен AUDI

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2202
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #989 на: 26 Јуни 2022, 23:01:57 pm »
Што се однесува до Влатко бошистот од Кавадарци,човекот си е профи,малку е скап според мене и е премногу букиран,возила од цела Македонија носат кај него на дијагноза и поправка.Има современа апаратура за дијагноза и поправка на системот висок притисок на горивото на поновите дизел возила.
Колку за информација на колега на БМВ 5 серија од 2008-2009 година со шестак дизел за репарација на 6 дизни му наплати по 150е од дизна.
Ако е потребно можам и број да најдам од Влатко.
Drink Russian, Drive German, Wear Italian, Kiss French, be MACEDONIAN!!!