Денес си ги подигнав од брза пошта и пар Neolux LED C5W (36mm, 6000К), порачани од Аутолукс.
Ги порачав уште пред да стасаат кинеските, ваљда им стигнале на залиха и ми ги пуштиле.
На нив имаше налепница со цена од 15 лева
https://autolux.mk/led-krushka-neoluks-ts5v-6000k-36mm-k-t-2br
Neolux е бренд на Осрам. Имаат ладилниче на задниот дел, слично како Филипсот. Не ми се допаѓа зошто е матно стаклото пред ЛЕД-от. Ако тоа им е поентата за да постигнат cool white ефект...
Ме мрзи сега пак да чепкам и менувам сијалици, ќе ги пробам кога ќе прегорат кинеските.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Да ја разгориме малку спорната тема за ЛЕД на задна таблица.
Еден мал апдејт за сијалициве после година и кусур (сум ги купил во јануари 2021). Никогаш не ги наместив, цело време ставав од кинеските што ми беа на залиха.
Синоќа забележав дека и двете сијалички на задната таблица ми се цркнати и викам ај да ги пробам Неолукс-от.
Левата сијаличка е Neolux,
десната е кинеска од АлиЕкспрес (
линк)
Прво што забележав е дека имаат малку „потопла боја“ и се попригушени (заради матното стакленце на самата сијалица), но светлината е многу порамномерно распределена (веројатно исто - заради матното стакленце). You win some - you lose some.
Друго што забележав e најверојатно причината зошто умираат кинескиве ЛЕД прилично брзо. Некаде на 2-3 месеци умираше по една.
Имено, бидејќи под бандера ги местев сијалиците и сакав да ја сликнам разликата во темно, се провозив 100-тина метра и кога ја извадив кинеската беше ПРЕЖЕШКА, а беше вклучена претходно дали и 5 минути.