Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)  (Прочитано 163865 пати)

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7783
  • Плинаш!!!
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #945 на: 11 Мај 2022, 21:46:22 pm »
Солзи сами капат прости ми...те заболе за пунтото


Sent from my Redmi Note 8T using Tapatalk


Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #946 на: 21 Мај 2022, 13:39:45 pm »
Пред малку завршив кај БоМи, мада не завршивме, оставивме за наредната недела.

Отидов за центрирање и излезе дека стварно имам гуми за менување, барем две. Механички рекоа дека предницата е одлична, но задните гуми се стварно излижани од внатре. Во Мотоцентар веројатно најизедените ги ставиле назад.



Задна лева:


Задна десна:


Мики од БоМи спомна да земам две нови исти и да ги ставам напред, сегашните предни (кои имаат уште доволно шара) да одат назад.

Имам дилема: каде треба да дојдат пар нови гуми на Леонов со преден погон? Некои викаат напред, некои назад...

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29590
    • CARclub.mk
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #947 на: 21 Мај 2022, 13:41:14 pm »
Позади. Со тоа ќе имаш повеќе грип на задните тркала и ќе елиминираш потенцијано надуправување, особено на лизгави површини и на дожд.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #948 на: 21 Мај 2022, 13:42:03 pm »
Позади. Со тоа ќе имаш повеќе грип на задните тркала и ќе елиминираш потенцијано надуправување, особено на лизгави површини и на дожд.

Ахам, така значи.
Сега зборев со татко ми, истото го потврди...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #949 на: 21 Мај 2022, 13:55:29 pm »
Да не ти се случи со старите предни да вртиш а колата право да оди, или да ти се продолжи трагот на кочење за 2 метра...
Купи се 4 нови

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7050
  • хаУс мајстор
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #950 на: 21 Мај 2022, 14:05:55 pm »
^
Ги вози напред моментално, сигурно знае како се понашаат. Не верувам @balanar да оди на среќа.
За нови секогаш сум за, ама ако стварно нема потреба...

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #951 на: 21 Мај 2022, 14:26:46 pm »
Добри се предните во вожња, немам забелешки. Имаат и шара за сезона-две, барем како што кажаа во БоМи.
Имам поминато 26000km со сетов, од јули 2020-та.

Интересно е што и двете излижани се ДОТ 1818, другите се 0720. Ми ги увалија во Пнеуматик тогаш малку со постар ДОТ. Не дека излижаноста е од тоа, моја вина е што не сум бил на центрирање предница со колава.
Притисокот во гуми редовно го проверувам да биде 2.4/2.2, гледам да го изедначам на 2.4/2.4 кога имам патник позади. На полна оптовареност (луѓе и багаж) пишува дека треба да е 2.6/2.8.
Не е излижаноста од слаб притисок, убеден сум.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14232
  • Пудингот на шоферството
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #952 на: 21 Мај 2022, 16:39:08 pm »
Колку што се сеќавам Леонот на задбата оска има благ нагиб па ос таму и истрошеноста.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11735
  • Архитект
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #953 на: 25 Мај 2022, 09:55:20 am »
Таму каде што троши повеќе гума, таму новите.
147 ми ги трошеше предните почесто. Таму одеа новите 2.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #954 на: 28 Мај 2022, 18:51:42 pm »
Денес пак до Скопје по работа/шетање и завршени работи на 211.854km:

- Купени 2 летни гуми Sava Intensa UHP2 245/45/17 91Y (DOT1422) од Транзит. Цена = 4010 денари од гума (со балансирање и демонтажа/монтажа).
Секаква препорака за Транзит, мошне услужливи, професионални и коректни. Не знам кој ги фалеше на форумов, во право беше :)
Според ДОТ-от, мошне свежо произведени, некаде прва недела од април 2022.

Додека се враќав кон Штип веднаш се стиши задниот дел на колата (бучава и шум) и малку шубе ми стана што не ставив цел сет (новиве отидоа на задна оска), ама финансиите дозволија толку. Ќе издржи другиот пар уште сезонава (после доаѓа зимскиот сет), па на пролет пак од Транзит нов пар од истиот модел.
Стариов пар издржаа 26.500km, купени во јули 2020.




--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

- После Транзит, се нацртав во БоМи Сервис за центрирање. Излезе дека треба да се центрираат и предна и задна оска.
Мики ги центрираше, па се провозивме малку да истестира. Ми наплатија 1200 денари.
Истово од Транзит погоре важи и за БоМи, кој има мака за некоја од услугите што ги нудат - комотно нека оди кај нив.
Еве од отштампаното како беа/се вредностите:


--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------

- На излегување од Скопје, застанав до CarBox на Ленинова/Орце Николов. Земав една „бомба“ од Moje Auto со мирис на ванила (160 денари), само се мислам дали вреди да ја рокнам на „стариов“ филтер за полен (имам поминато 5000km од промената). Ќе ја отворам вечер, нема зијан мислам.

« Последно менување: 28 Мај 2022, 18:57:17 pm balanar »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #955 на: 28 Мај 2022, 19:10:57 pm »
Километража не важи за филтер за полен, односно не е фактор број еден.
Самиот назив кажува дека пролетно време највеќе се полни.
Од тие причини практикувам промената на филтерот да биде почеток на Јуни за во пеколните месеци да имам беспрекорно ладење.
Кога ќе ми текне дека на Меганот по упатство се менувал секоја втора година...баталив откако ме остави без греење на година и пол, а се чудев зошто ладењето не ми е нај-нај после 10 месеци од промената.
Слично го папав и со i10 по само 8 месеци и незначаен број км.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #956 на: 03 Јуни 2022, 13:58:17 pm »
Вчера изгубив два саати, али тоа е. Беше останат да го монтирам украсниот дел за педалата за гас. Никако да отидам до мајсторот бидејќи немам дома соодветен алат.
Ми беше страв да не ги скршам пластичните држачи од педалата во подот, па се „убедувавме“ 15 минути да излезе.
После се „борев“ со украсното да го упасирам некако и да ги свиткам тие страничните држачи со тенка клешта, ама на крај се стегна ептен и не мрда.









И едно пред - потоа:



« Последно менување: 03 Јуни 2022, 15:37:13 pm balanar »

Присутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6791
  • French diamond
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #957 на: 03 Јуни 2022, 17:11:20 pm »
Сега со мокри патики пази се, читам на една група алфистите лепеле некој матерјал што го има на скиролите, пошто стварно лизга :) 

Отсутен Kikac

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2734
  • Шалабајзер
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #958 на: 03 Јуни 2022, 18:00:23 pm »
Сега со мокри патики пази се, читам на една група алфистите лепеле некој матерјал што го има на скиролите, пошто стварно лизга :)
Ко копиљаци шмиргли лепевме на даските за скејт, нај евтино беше тоа


Sent from my iPhone using Tapatalk
No turbo, no fun :)

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2180
Одг: Seat Leon 2.0 TDI 138HP (2010)
« Одговори #959 на: 03 Јуни 2022, 19:24:01 pm »
Со мокри патики лизгаше и на гумираните, реално.  ;D

Од претходно ми беа ставени украсниве за кочница и кумплунг (мислам дека еден месец) и баш периодов со летните дождови фати. Не клизаат нешто повеќе од фабричките.