Денес пак нешто ми сецкаше/се колебаше под полна гас во прва и втора брзина. При забрзувања во сите други брзини - не сецка. Интересно е што при гасење на колата и при повторно палење и возење - нема проблем повеќе. И наредниот ден да нема ништо, па да се појави после ден, два, три. Многу рандом се манифестира.
Не знам што да мислам, дали е од горивото, дали е нешто друго. Се мислам утре да отидам до мојот мајстор (има кабел за VCDS) и да ја закачам на мојов лаптоп за еден комплетен скен, дали ќе покаже нешто.
Има некој некоја идеја? Мене свашта ми иде на памет - од дизни, МАФ сензор, нафтена пумпа, па до банална работа како лош дизел.
Дизелов од МП (ставано секогаш на иста бензиска) ми е при крај, ќе ставам утре од Лукоил.
Ставив за 2500 денари кога литарот беше 75 (33.3L) и ставив за 1000 денари кога литро беше 86 денари (11.6L).
Вкупно 45L и извозено (мешано градска/отворено) 700km - просек 6.4L/100km.
ОК е бидејќи често седев паркиран во запалена кола и пуштено парно.