Епа клабери, малку поопсежен пост со уште нерешен проблем/симптом.
Она со повременето сецкање/колебање при забрзување, како и варирање на работата на моторот при одреден број на вртежи остана сеуште.
Денес пак нешто ми сецкаше/се колебаше под полна гас во прва и втора брзина. При забрзувања во сите други брзини - не сецка. Интересно е што при гасење на колата и при повторно Мене свашта ми иде на памет - од дизни, МАФ сензор, нафтена пумпа, па до банална работа како лош дизел.
Инаку, мал апдејт:
Не се среди тотално проблемот што го имав. Сега не сецка толку нагло, туку остана ова, не знам како да го опишам.
При палење на колата (не на секое) и при давање гас во прва и втора брзина, сецнува/се колеба и се слуша како навивање (врм, врм, врм) неколку пати по ред и после го снемува, во било која брзина. Пример, обично овака прави во понагло забрзување во прва и втора брзина и ако се паркирам некаде, ја угасам колата и пак тргнувам прва, втора - нема сецкање. И ова вака може да биде до крај на денот, може и на наредно палење после некој саат. Многу рандом се појавува проблемот, не можам да го реплицирам секогаш. Иако забележав една константа - преку ноќ оставена колата и првото возење наредниот ден, обавезно прави овака.
Прави како на видеово (извртете на 28-ма секунда):
Не се сеќавам дали си ги проверил дишните патишта на колава?
Црева од турбо до интеркулер, интеркулер или до клапната?
Сензорот за додот на воздух - маф ?
Можи да имаш некоја дупка, па да ти прави вака.
Кога турбината почнува да прави притисок тогаш ти се случува тоа „колебање“.
Мене ме чуди што не фрла никакви грешки. Тестирано и со VCDS и со ова
Уште почудно е што не можам да го реплицирам проблемот по моја желба.
Некогаш ќе сецне веднаш после палење и тргнување, некогаш после 5 минути од гасење и палење, некогаш после цела вечер (ова е почесто). Дури и во истото возење ако сецне во прва или втора и продолжам да возам - го нема при повторно враќање во прва или втора.
Пример - тргнувам во Штип сабајлето, сецнува во втора и си возам до Скопје каде никогаш не сецка во погорните брзини (од 3-та до 6-та). Во Скопје на семафори и додека ја паркирам нема ништо. После работа си тргнувам за Штип и знае да сецне 1-2 пати додека излезам од Скопје и толку.
Наредниот ден истата рута - знае да сецне еднаш при стигнување во Скопје (на семафори или додека се паркирам). Дури и ако сецнува на еден семафор, на наредните нема ништо, се губи.
Да има дупка (која е константен фактор, нормално) во било кое црево - ќе можам да го реплицирам проблемот по желба, што знам.
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
edit - Во разговор со мајсторот сабајлево, да се повратам деновиве да се исчисти и усисна грана (мислам дека нема го реши проблемов, ама нема зијан секако), како и да дијагностицираме бааги подетално за симптомов. До сега се водевме по грешките на компјутер. Физички не сме гледале црева или така нешто @osmica8
@osmica8 денес ги гледаа дишните патишта, нема скинати/напукнати црева, така да тоа се отфрли.
Она што забележaв е дека симптомот го реплицирам успешно ако во место ја држам околу 2000RPM и прави овака, снимав пред некој ден:
https://youtube.com/shorts/8Ww-UcbDmiY?feature=shareСе слуша варирање во работата на моторот и стрелката за вртежи варира ептен ситно. Истото го прави не само во место, туку и кога ја држам под гас на во тој опсег на вртежи.
На компјутер не дава грешки. Пробано со VCDS, Delphi и со LaunchTech.
Претходно исчистено од гареж усисна клапна, цевката од ЕГР до усисната грана, како и ЕГР насочувачот во усисната грана.
- Минатата недела променив филтер за нафта.
Имав Motaquip, ставивме Bosch. Исто.
- Денес мајсторот ми даде
Valvoline Diesel System Protector, да го поминеме системот со адитив и да видиме дали ќе има промена. Откако е во мене колата, не сум ставал адитив.
Вечер ќе ставам околу 25L нафта (патувам за Скопје наредните три дена), па да видиме дали ќе има ефект.
Како последна опција - спомна ако не помогне адитивот, да ги однесеме инјекторите до некој Влатко во Кавадарци на проверка и тестирање. Му пишав на
@AUDI за него, првпат слушам за тој сервис.
Не знам што ме зеза, вака прави од март и се развлече работава. Немам идеја повеќе.
Грешки на компјутер нема, исчистивме усисна клапна, променивме филтер за нафта, проверивме вакум (црева), еве ќе пробам и со адитив...
--------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Да не биде се така „црно“, денес надополнив и фреон. Некако како споро да ми ладеше и не се правеше баш-баш ладно, дури и на рециркулација.
Откако е во мене колата, не сум надополнувал и не знам кога последен пат е направено проверка.
Како што ми кажа мајсторов, на Леонов собирало околу 530gr фреон, а машината повлече назад околу 270 - што значи фалело пола.
Дополнето околу 250gr на постојните 270gr.
Цена - 1500 денари.