На 17.08.20 извршен е мал сервис: промена на масло и сите филтри освен тој за полен кој си го имам сам сменето мај месец, и тој е Filtron.
Километража - 195.600, следна замена на 205.600км.
За 7 месеци сум поминал 10.000км, од последна промена на масло.
Ја сменив и гумицата на пумпата за уље и конечно ми е решен и проблемот со светнување на индикаторот за уље при ладен старт, сега мирна глава.
Беше накината малце старата и при ладен старт влечела воздух додека да повлече уље од картерот и од таму светнуваше индикаторот на инструмент табла.
Вака вика есапот:
Уље Selenia WR 5w-30 4l - 2800мкд.
Филтер за уље Hengst - 600мкд.
Филтер за нафта Filtron - 2300мкд.
Филтер за воздух Hengst - 900мкд.
Гумица на пумпа за уље - 1200мкд.
и работна рака на мајсторот - 1200мкд. вкупно 9000ден. ме кошташе ова задоволство.
Додека да најдам фиат браво, ќе стои овде една од моите омилени алфи.
Јбг. ме фати и мене италијанскиот вирус.