Автор Тема: Fiat Bravo 2.0 m-jet  (Прочитано 23482 пати)

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Fiat Bravo 2.0 m-jet
« на: 22 Ноември 2019, 12:03:45 pm »
Од неоправдани причини малку покасно да го претставам „новото“ возило кое го поседувам па еве веќе три месеци.

Fiat Bravo со Еуро 5 мотор 2.0 multijet со 121kw или 165ps од 2009 година.
Според километража го земав со 175.000км а сега моментално има 181.000км и за овие три месеци колку што го имам сум презадоволен и од изборот на возило и од тоа што најдов доста зачуван примерок на фиат браво, во споредба со се што погледнав.  :D

Пофалби за моторот, многу смирено работи, сила има на претек и не се осеќаат угорници, плус и 6 брзини за на автопат и долго возење е милина.
Како мани би го издвол менувачот кој е специфичен и бара навикнување, меѓутоа кај пасатот кој е 10 год. постар и со 100.000 плус на километража има многу по добар менувач. Али ствар на навика, го навикнав и кај фиатот.
Друго како мана е црвената боја која и овде има на неколку места како се љупи лакот на бојата, ама па е преубава боја.

Еве неколку слики:










Маана на црвената боја.  :D


Од кога ја купив еве што сменив:
-мал сервис, уље, филтер за масло, филтер за воздух и клима. 18.09.19 на 175.642км.
Уље Selenia WR 5W-30 4л и филтри на Filtron, освен тој за воздух Comline.
-филтер за гориво исто Filtron, сменет на 22.10.19 на 178.634км.
-голем сервис, сет ребрест каиш Continental и водна пумпа на 21.11.19 на 180.700км.



Еве го филтерот за воздух од камион.  ;D


Сет ребрест каиш со водна пумпа.



Еве што извадивме.


Радио има Pioneer 2din, кое убаво и звучи и изгледа, фабричките звучници се заменети комплет сите со Hertz.
Предни гуми вози Dunlop Sport Maxx rt 2, а задните се Yokohama Bluearth ae50.
Моментално сум во потрага по челични бандажи 16ки 4х98 за зимски гуми.



Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #1 на: 22 Ноември 2019, 12:43:36 pm »
Убава кола, убава боја, убав мотор, убави тркала!

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #2 на: 22 Ноември 2019, 12:55:06 pm »
Благодарам класен!  :D

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #3 на: 22 Ноември 2019, 14:26:03 pm »
Со здравје да се вози, многу километри да се пројдат
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #4 на: 22 Ноември 2019, 19:55:51 pm »
Ајде уште еднаш, со здравје да се вози, убаво си ја освежил.
Само на кровот се лупи лакот?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #5 на: 22 Ноември 2019, 20:00:54 pm »
Браво за Бравото :)

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #6 на: 22 Ноември 2019, 20:12:23 pm »
Има не 3-4 бравовци,да направеме браво клуб 😁.
Со здравје возење,ако е само кровот исфарбај го.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #7 на: 22 Ноември 2019, 20:12:51 pm »
Честитки и од мене.

Отсутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #8 на: 22 Ноември 2019, 20:38:51 pm »
Многу убоо! Освен маната на бојата :(

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #9 на: 22 Ноември 2019, 20:46:53 pm »
Ајде уште еднаш, со здравје да се вози, убаво си ја освежил.
Само на кровот се лупи лакот?
Има не 3-4 бравовци,да направеме браво клуб 😁.
Со здравје возење,ако е само кровот исфарбај го.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk



Има тука и таму на ситни места каде се лупи ама на кровот најмногу е изразено.
Здравје, понатака да помине зимата може да се среди само кровот, не е опасно.  :D

Од се срце, ви благодарам на сите!
Да ви се враќа само убавини.  :)


Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #10 на: 23 Ноември 2019, 03:35:08 am »
Честитки, долго да те служи!!!

Sent from my FIG-LX1 using Tapatalk


Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #11 на: 23 Ноември 2019, 08:28:36 am »
Многу убава кола, бојата ептен погодена.  Кога и да видам вакво ми текнува на рекламата:

https://youtu.be/1NAhZlo9-lk

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #12 на: 23 Ноември 2019, 10:30:03 am »
Интересна реклама, прв пат ја гледам искрено.

Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #13 на: 23 Ноември 2019, 13:26:36 pm »
Со здравје да се вози, супер примерок си начекал! Нежна им е бојата, си бара гаражирање за да остане во одлична состојба. Кај мене лакот е отиден на кровот и на хаубата.

Инаку, не е малце претврдо со 18киве со оглед на состојбата на патиштата во земјава?

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #14 на: 23 Ноември 2019, 13:30:14 pm »
Многу убава кола, бојата ептен погодена.  Кога и да видам вакво ми текнува на рекламата:

https://youtu.be/1NAhZlo9-lk
Кога ја видов рекламата се оштрев за Бравово, ама се затупив со Меганот ;D