Автор Тема: Fiat Bravo 2.0 m-jet  (Прочитано 23559 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43752
  • Il Moderatore
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #60 на: 18 Август 2020, 22:55:15 pm »
UFI филтер за нафта скапичок е... околу 2 бона за мојата, ако не се лажам...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5864
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #61 на: 18 Август 2020, 23:01:38 pm »
Јас на фиато од 400 денара му имам ставено нафтен филтер Comline 😁

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #62 на: 19 Август 2020, 00:59:42 am »
Филтер за нафта нај ефтин е на Comline 800мкд, е ама има и поскапи, во една продавница во Гевгелија ми понудија оригинален демек во овластен сервис на фиат таков ставале и коштал 5000ден.

Реално можам да поминам и многу поевтино за мал сервис ама со делови со послаб квалитет.
Јас сакам да сум сигурен во колата, и да тргнам на пат да не мислам.

Полен филтерот толку го платив мај месец околу 700мкд, не се сеќавам.

Ако сменам само уље и филтер за уље ќе поминам со 3500мкд, што реално си е коректна цена за мал сервис.


Вака вика есапот:
Уље Selenia WR 5w-30 4l - 2800мкд.
Филтер за уље Hengst - 600мкд.
Филтер за нафта Filtron - 2300мкд.
Филтер за воздух Hengst - 900мкд.
Гумица на пумпа за уље - 1200мкд.
и работна рака на мајсторот - 1200мкд. вкупно 9000ден. ме кошташе ова задоволство.


Или јас премалку плаќам за мал сервис или ти премногу. Ајде да ја минусирам гумицата на пумпа, пак е 7800.
Сигурно нема да ми наплати мајсторот 1200мкд за работна рака за мал сервис.  ;D
Овде имаше реално повеќе работа, вадење картер, чистење, промена на гумицата и склопување назад, плус уље и филтрите замена.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7058
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #63 на: 19 Август 2020, 08:13:10 am »
На крајот на денот, ти си среќен и се средило тоа со притисокот за уље.

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #64 на: 07 Септември 2020, 12:40:48 pm »
Една година помината од купување на колата и втора регистрација денес, без забелешки на технички преглед и пофалена од контролорите за состојбата, спремно возило.  :D

- 10.757 денари автоодговорност.
- 2.939 денари трошоци за технички.
- 3.965 денари надомест јавни патишта, комунална такса, екологија, црвен крст, итн.
- 51 денар за таксена марка во МВР.

Вкупно: 17.712 денари потрошени за регистрација.

Наздравје!  ;D

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #65 на: 06 Ноември 2020, 13:33:24 pm »
Станавме полнолетни, ја раситнивме 200.000ката.  :D

Моментално е нешто ситно пред 201.000, за 10 дена поминав 1000км.
И за 4000км треба пак мал сервис да и правам, а уље сменив крајот на Август.

На релација Валандово - Скопје и враќање ми потроши 18.5л нафта, точено од моја страна до врв од ист пиштол.
Еве според борд како стојат бројките:

Отсутен Laki

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 2
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #66 на: 24 Декември 2020, 10:25:40 am »
Sakam da spodelam nesto okolu servisot sto si go napravil i mislam deka delovite skapo si gi platil, a sto se odnesuva do Comline ako mozes izbegnuvaj ja. Kako za primer okolu delovite jas imam 1.9 mjet Hengst filterot za ulje go plativ 350. Poveke sakav da spodelam za uljeto zatoa sto dosta citav okolu nego i me interesirase dali moze i drugo da se koristi pogotovo otkako Selenia e kupena od Petronas i dali tie imaat ulje koe moze da se stavi vo Fiat. Se e objasneto na ovoj blog http://motornaulja.blogspot.com/2012/11/fiat-preporuke-fiat-recommendations.html i ima i konkretni odgovori vo komentarite ama za Bravoto zboruvam 1.9 moze da se koristat - Aral HighTronic J, Castrol Magnatec (Professional) 5W-30 C2, Liqui Moly Top Tec 4200 and 4300, Motul 8100 Eco-clean 5W-30, Shell Helix Extra, Total Quartz Ineo ECS, Valvoline Synpower ENV C2 i drugi. Jas licno koristam Petronas Syntium 5000 CP 5-30 full sintetic koe e ekvivalent na Seleniata WR 5-30 PE koja ti ja koristis. Ne sakam da reklamiram eve ti link da si vidis kolku e cena https://fasvas.mk/p-cat/maslo/syntium/.
Kaj mene vo kolata e vtora zamena i sum prezadovolen. Pozzz

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #67 на: 18 Февруари 2021, 22:44:45 pm »
На 18.02.21 извршен е мал сервис: промена на масло и филтер за масло.
Километража - 206.600, следна замена на 18.02.22 или 216.600км.

Уље Selenia WR 5w-30 4l - 2800мкд.
Филтер за уље Mann - 500мкд.
Работна рака - 200мкд.
Вкупно за мал сервис - 3500мкд.

Еве и некоја слика да не биде монотоно, немам ставено од оваа година слики.  :D



Details  8)





Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #68 на: 18 Февруари 2021, 22:58:53 pm »
Замисли, кога ќе ја видам бојава, заборавам на плава :D
Кукла!

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #69 на: 19 Февруари 2021, 12:51:57 pm »
Фала златин, да убаво и стои црвена иако е нежна многу и си бара одржување, а и мене ми е омилена боја.  :D

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #70 на: 31 Мај 2021, 16:30:05 pm »
Еден upgrade или downgrade за мене, две во едно, како ќе му дојде.  ;D

Поради нашите убави патишта, барав чаре за тврди возни карактеристики на фиатот, и излезе овој оглас каде ги пазарив бандажите со изговор дека се многу ретки и морам да ги имам:


Беа во средно жалосна состојба, па ги средив малце на свој начин и во домашни услови:


Купив и гуми за нив Debica Presto HP2 во димензија 205/55/R16:


Нивна монтажа на кола:


И дојде вака, sleeper mod:


Да не биде штуро пазарив и раткапни, ама не ги задоволија моите очекување, мислев рамни се а не вака испапчени.  :-[


Возни карактеристики се подобрија и те како, дупки впива одлично, плива по патот во споредба со претходно, ама има и мани, не е толку стабилна во кривини се осеќа и те како, на големи брзини не е толку стабилна, немам сигуроност над 140-150 како што имав со 18ките. Уште се навикнувам на неа сега, во смисла на возење, изглед - тапа.

Огромна желба ми се овие бандажи фабрички 16ки и би ги заменил 18ките за овие:



Друго си порачав од али лед 4500к за кратко светло и барем позитивно нешто од овој пост добив убаво соборено светло.  :D


Нај ниска потрошувачка што успеав да извадам од овој мотор е 4.2л/100км.


Успеав да најдам и кој тип на менувач носи колата, по долга потрага на интернет а уствари го пишувало на самиот менувач тоа.
F40  C542


Се намножија и доста бравовци, насекаде ги гледам.


Најдов податоци и за мојата кола од италијанска табличка каде се потврдуваат километрите овде и со сервисната книшка.


Моментално е на 212.000 и нешто ситно, се вози активно секој ден, задоволен од колата и полека полека сакам да ги средам сите недостатоци и да биде по мој вкус.  :D

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #71 на: 31 Мај 2021, 16:37:37 pm »
 :'(

Отсутен Passat3B

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1726
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #72 на: 31 Мај 2021, 16:41:14 pm »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #73 на: 31 Мај 2021, 16:43:55 pm »
Не е ваљда дека во кривини си влегувал со дупло поголема брзина од знаците.
Овака ќе си влегуваш со +10 од знаци и ќе ги спасиш бубрезите и мозокот :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6161
Одг: Fiat Bravo 2.0 m-jet
« Одговори #74 на: 31 Мај 2021, 16:49:23 pm »
Квантен скок назад...

Ај помали што се за два броја, па и челични.

Ќе најдеш ти алуминиумски, не оставаш вака... Ќе одат овие на зимски.