Јас општо за Рено имам најлошо мислење. Имам досега напишано повеќе пати, меѓутоа избегавам да спомнувам бидејќи многу на срце си го земаат тоа сопствениците на Рено. Ај пак ќе кажам, се надевам дека нема да ме обесат....
Познавам повеќе луѓе кои имаат Рено и многу проблеми. Да почнам од лањото кое го вози сестра ми, Клио 2005 1.6 со автоматски менувач, фул опрема освен кожни седишта. Ѓубрето 3 пати ја остава на пат, не пали или запалено е и неќе да тргне(автоматскиот менувач да убаци во прва). Од опремата која ја има внатре речиси нема каде не се случил дефект, од аудио систем, електрика на прозори, централна, се со ред. Изгледа за Рено важи правилото колку повеќе опрема, толку повеќе ќе ти кисне по сервиси.
Другар мој зема службена Лагуна 1.5 со која извозе 50.000км на отворено за една година. Зимоска кога ќе ја запалеше колата буквално крцкаше и тропкаше од секаде. Вратите и шкрипеа, па ја носеше на сервис као му ги подмачкаа и пак шкрипеше. Другаров вика дека ќе вози Рено само ако мора.
Понатаму на колега кумашин на кој му се стопила(буквално) турбината на Лагуна 1.9 ДЦИ од 2003 со околу 70.000км. И уште еден куп слични глупости.
Немора да значи дека секое Рено е тиња, верувам дека има и среќни сопственици на Рено, но со она кое го имам видено јас дефинитивно го имам отпишано Рено од листа на возила кои би ги купил, сега за сега.