Ајде нешто да напишиме за лансерот.
Кај мојата кола ме нервира што менувачот е многу гласен кога менуваш. Поготово во 3та. Мене не ми смета многу, ама на некои му оди на нерва.
Исто така се осеќа бучава од моторот на брзини од 110 - 130км/ч. Пак ќе речам на некој му смета, мене лично не (намалена е од моделот 2008, ама пак ја има).
Бојата е со квалитет како да фарбале колички за пазарење . Ако некоја кола помини покрај неа побрзо, ќе се излупи од уплав. Од камчиња да не правиме муабет веќе.
Гумите кои се фабричките се ужас. Сега додека беше врнежливо, лизгаше на секое тргање и на секоја по оштра кривина, тоа сензорите само се уклучуваа. Со менување на зимски гуми, и тоа евтини зимски, се смени вожњата на колата комплетно.
Прегледноста позади е скоро невозможна, со поставување на сензори за рикверс го нема тој проблем.
Ме нервира тоа што нема нормална резервно тркало, незнам зошто, ама едноставно ме нервира тоа.
Исто така незнам зошто нема фабрички украс на издувот, тоа цевчето изгледа смешно. Можеби е полите на дилерот, ама како и да е на целиот тој пакет можеле да вметнат еден украс.
Во глобала тоа би било тоа. Презадоволен сум од колата, не би одбрал ништо од конкуренцијата.