ММ...ајде моето Даеву...
Кога читам вака коментари за појаки нели марки се изненадувам како моето Нубирче протуркало 130 000км без посериозни проблеми.
Во основа ме нервира меката предница, благодарение на дупките по улиците менувана е цела предница...и неколку пати јабучици и буфери.
Некогаш знаеше да откажи задното лево стакло на команда од возачката врата, а на самата врата функционираше.
Моторчињата за стакла се бавни.
Потрошувачката е ОК кажав пред некое време од 7,5-8л плин на отворено (90% со 10% градска).
Климата лади добро но во последно некој контакт губи и мора да се притисни маската да се активира
Крцка возачкото седиште на одредени дупки и некоја пластика кај браникот напред ама никој неможи да открие која е (на големи дупки ова само).
Другите работи се ОК. Електрика ОК, делови ОК, амортизација ОК, кочници добри (можеа дискови да стават назад ама ајде)
А да и подобра звучна изолација како кај Голф би била идеална, ама ете барем поарна е од некои други автомобили (пример Фиат
).
Стартен мотор 107КС ...1600...неам страв да претекнам и на плин во некои незгодни ситуации на Плетвар или било која друга превлака.
И да...таа мека суспензија убава е за на дупки ама на кривина не ми се допаѓа body roll-от на колата.
И голем минус е многу мекиот лим. Не е тенок ама е МЕК!
А да и фала Богу не крцка никаква пластика како останатите Daewoo и Chevrolet модели.
Најреално од 1 - 10 (ако 10 е идеална кола) би ја оценил со 8,5.
И мене ми се валка задното стакло. ...
Мислам...ако тоа ви е мааана...