Да ставам еден упдејт после првите 3000 километри.
Колата конечно ја извозив на првата подолга релација до Нови Сад и назад се на се 1100км.
Одлчино се покажа за на отворен пат иако е мала кола. Вожњата е релаксирачка и не замара. Приметив дека доста улога тука играат Хајлајн седиштата со лумбална подршка кои во однос на Трендлајн се едно 7-8 цм подолги и ја опфаќаат целата надколеница, а во исто време се и по меки и со по изразена бочна и лумбална потопора.
Моторот е адекватен за автопат, без проблем држи корак со сообраќајот и се престига без стрес, небо и земја разлика меѓу 1.0 атмосферец и турбо на оваа каросерија. Просечната потрошувачка излезе 4.9л по борд комбинирано - главно автопат со неколку градски тури, а еве што вели бордот сума сумарум од кога е земена колата.

И една слика од патувањето, фали еден Eibach сет

